Форекс
Топ 5 акции со најголем пораст на вредноста во месец март


Македонската берза го објави месечниот статистички билтен за месец март 2021 година.
Вкупниот промет е намален во однос на претходниот месец за виски 45,52 проценти, но тоа не ги спречи дел од компаниите кои котираат на берзата да забележат висок пораст на вредноста на своите акции.
Компанија која забележа највисок пораст на вредноста на своите акции е Интерпромет АД Тетово. Просечната цена на акциите на оваа компанија во месец март изнесувала 4.500,00 денари, додека во февруари просечната цена изнесувала 1.500,00 денари, што значи бележи пораст на вредноста за огромни 200,00%.
На второто место се најдоа акциите на Скопски Пазар АД Скопје кои ја зголемија вредноста за 26,60 проценти односно достигнаа просечна цена од 6.330,00 денари. На трето место по пораст на вредноста на акциите се најде Фустеларко Борец Битола, чиишто акции ја зголемија вредноста за 25,00 проценти односно достигнаа просечна цена од 1.500,00 денари.
Пораст забележаа и акциите на Лотарија на Македонија Скопје и Либерти АД Скопје кои ја зголемија вредноста на своите акции за 25,00 проценти односно 13,64%, соодветно.
Целосниот месечен статистички билтен за март 2021 година можете да го погледнете на следниов линк.
Форекс
Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во март?


Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.03.-31.03.2021 година вкупниот промет изнесува 757.514.703 денари и е значително намален за високи 45,52% во однос на претходниот месец февруари. (more…)
Форекс
Македонска берза повторно го продолжи бесплатното користење на eTrader за инвеститорите


Одборот на директори на Македонска берза, на седницата одржана на 26.03.2021 година, одлучи продуктот на Берзата за т.н. електронско тргување преку Интернет (eTrader), што им е достапен на инвеститорите преку нивните брокери и којшто овозможува далечинско тргување на Берзата, да продолжи да се користи БЕСПЛАТНО заклучно со 30.06.2021 година. (more…)
- Анализипред 1 week
Експертите советуваат: Не ги повлекувајте заштедите од банките бидејќи банкарскиот систем е стабилен, а штедните влогови се безбедни!
- Анализипред 1 month
Која е најмоќната и најбогата македонска банка!?
- Домашни банкипред 1 week
На шпекулациите дека “пропаѓа”, Стопанска банка АД – Скопје одговори со профит од 9,2 милиони евра за три месеци
- Анализипред 2 months
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Банкипред 2 months
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 50.000 денари
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Интервју со ИГОР ДАВКОВ, Извршен директор на Скопје Ист Гејт и неговиот тим: Креираме вредност за закупците и посетителите