Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Лични финансии

Топ 10 совети како најбрзо и наједноставно да заштедите пари

Објавено

на

На секого му се случило во животот да му требаат пари итно. Спасот е во штедењето, но само за оние кои на време ги разбрале предностите за чување пари.

Во продолжение ви прикажуваме 10 најдобри совети од експерти за тоа како да стекнете навика за штедење.

1. Секогаш размислувајте за иднината

Сите сме посакале во одреден момент нешто што во моментот сме го здогледале веднаш да го купиме, па затоа неконтролирано трошиме и дури влегуваме во минус на трансакциската сметка. Треба само да размислиме дали тоа ни е навистина потребно или во нас проработело импулсивниот мотив за трошење на пари. Доколку тоа не е неопходно, тогаш воздржете се од купување и тие пари оставете ги на штедна сметка.

 2. Внимателно со малите трошоци

Обично повеќе се грижиме за големи вложувања или трошоци, а оние малите често остануваат незабележано. Ако сакате да штедите, мора да кратите по малку од сите трошоци, а често овие мали трошоци знаат да заштедат значителен износ.

3. Сите трошоци ставете ги на хартија

Ако не планирате и ако не сте дисциплинирани, може лесно да ви се случи да ја дочекате староста без никаква заштеда. Најдобар совет е да направите една табела и да напишете со што дневно располагате и каде точно ги трошите парите.

4. Работете колку повеќе можете

Пробајте да ги зголемите своите приходи што повеќе можете со помош на различни дополнителни работи. Прифатете да работите и хонорарно дури и помалку платени работи.

5. Купувајте на акции и намалувања

Секогаш кога ќе треба да одите во продавница, пробајте да дознаете каде е поповолно. Во превод тоа значи да купувате со попуст или на акција.

6. Пробајте да заштедите што поглем дел од приходот

Луѓето стануваат богати бидејќи никогаш не го трошат тоа што ќе го заработат, секогаш некој дел оставаат на страна.

7. Никогаш не купувајте за да ве забележат другите

Придржувајте се до купување само на неопходните работи, а не и оние работи поради кои некој би го импресионирале.

8. Паметно инвестирајте ја својата заштеда

Секој денар кој сте го заштедиле однапред испланирајте за што ќе го вложите. Дали ќе го вложите во купување на стан, автомобил или за плаќање на студии.

 9. Формула за милионери

„Немојте да штедите од она што ви останало откако ќе ги исплатите сите сметки и трошоци, туку потрошете го тоа што ви е останато откако ќе ја издвоите планираната заштеда”. Ова е воедно и најдобриот совет од еден од најбогатите луѓе на светот, познатиот инвеститор Ворен Бафет.

10. “Затворете ги сите дупки

Луѓето кои успеале да се збогатат никогаш не плаќаат за тоа што не мораат. Многу се внимателни за различни надокнади кои можат да ги избегнат.

Колку е тоа значајно ни укажува Бенџамин Френклин – „Внимавајте на мали трошоци! Мала дупка може да го потопи голем брод“.

Лични финансии

Што прават успешните претприемачи секој ден пред работа

Објавено

на

Ноќните бувови може да бидат креативни, но раните станувања се побогати и попродуктивни. Претприемачите кои сакаат да го направат тоа треба да ги прескокнат доцните ноќни сесии и да почнат рано во денот за да им помогнат на своите компании да растат. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Ако сакате да бидете успешни ќе мора да се одвикнете од овие шест навики

Објавено

на

Сите сакаме да бидеме успешни, но не сакаме да се соочиме со тоа што не спречува во реализирање на сонот. Кои се грешките и пречките кои ни застануваат на нашиот пат кон успехот и што треба да правиме со нив? (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Зошто повеќето луѓе се сиромашни според Паркинсоновиот закон?

Објавено

на

Паркинсоновиот закон (закон заснован на искуството на британските владини агенции) е еден од најпознатите и најважните закони што се користат при управувањето со парите. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange