Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Електронско банкарство

Топ 10 совети како да ги заштитите вашите банкарски податоци на смартфонот

Објавено

на

Мобилното банкарство, плаќањето преку смартфон и новите методи на безконтактни трансакции нудат голема комоција, ефикасност и брзина за корисниците, но доколку не сте внимателно лесно може да паднете во ризик да бидете „хакнати“, а со тоа да некој друг да добие пристап до вашата банкарска сметка и да ги злоупотреби вашите финансии. Затоа препорачуваме топ 10 совети со кои треба да се заштитите и да ги смените лошите навики при користење на смартфон за онлајн банкарство.

1. Користете пасворд менаџер

Со големиот број на профили кои ги користиме за различни потреби речиси е невозможно да ги запаметиме сите можни пасворди. Затоа се препорачува користење на специјален софтвер кој автоматски ќе генерира силни и непробојни лозинки. Овие апликации функционираат на тој начин што ви е потребен еден мастер пасворд, а самиот софтвер ги чува и активира сите останати лозинки. Така ако многу потешко ќе биде некој со сила или со украдени информации да ја пробие вашата сметка.

2. Внимавајте на приватноста

Новите верзии на мобилните оперативни системи им овозможуваат на корисниците увид во тоа каков пристап имаат апликациите кои ги користите, на пример до камерата на вашиот смартфон, неговиот дисплеј, контактите, микрофонот и слично. Затоа пред да инсталирате одредена апликација добро проверете каков пристап бара и дадете пермиси кои сметате дека нема да ве направат ранливи.

3. Обезбедете го вашиот смартфон

Смартфонот е најлесно да го обезбедите со passcode или биометриски сет на заштита со отпечаток од прст, ретина или скен од лице. Така ако се случи да го изгубите или некој да ви го украде ќе биде практично невозможно да го отклучи уредот, а потоа и да пристапи до вашите сензитивни податоци. Не користете едноставни пинови како 0000, 1234 или комбинации од година и дата на раѓање бидејќи тие се најлесни за пробивање.

4. Не заборавајте да направите бекап

Бекап на вашите податоци и синхронизација со cloud сервисите за складирање на податоци е најлесниот чекор кој може да го направите за да бидете безбедни, дури не треба ни ништо да правите, одберете бесплатен сервис или пак доплатете за повеќе простор и оставете автоматски да се зачувуваат вашите фајлови и податоци. Така ако бидете мета на ransomware нема да може некој да ве уценува за да ви ги врати податоците. Исто така како резерва користете и надворешен хард диск за постари слики и фајлови.

Computer hacker with mobile phone smartphone stealing data

5. Внимателно со бесплатни Wi-Fi мрежи

Колку и да е примамливо да се закачите на Wi-Fi, особено во ситуации кога сте во странство или немате мобилен интернет, токму овие јавни и бесплатни мрежи може да бидат лесна мета за хакерите кои би ги собрале сите информации на тие кои ќе се поврзат. Затоа направете дополнителни чекори да проверите дали мрежата е безбедна и при таа конекција не внесувајте сензитивни податоци за банкарска картичка.

6. Исклучувајте ја Bluetooth опцијата

Непотребно не ја оставајте вклучена Bluetooth опцијата кога не сте поврзани со надворешни уреди на смартфонот. Преку Bluetooth е многу лесно за било кој напаѓач да добие пристап.

7. Симнувајте само проверени апликации

Секогаш кога инсталирате мобилни апликации тоа правете го од проверени извори како што се официјалните маркети на Apple и Google за iOs и Android оперативните системи. Android платформата е многу повеќе отворена и постојат стотици app stores, но многу од нив кријат малициозни апликации кои крадат лични податоци и пласираат adware.

8. Лоцирајте го смартфонот

Губењето на вашиот телефон може да биде загрижувачко – голем дел од вашите лични информации се на нив. Апликациите за лоцирање телефони можат да помогнат со ова со прикажување на локацијата на вашиот телефон на мапа преку GPS. Овие апликации ќе ви овозможат да ги избришете сите содржини.

9. Надградувајте го софтверот

Надградбата на софтверот колку и да изгледа како досадна и напорна работа е неопходна бидејќи девелоперите со секоја наредна верзија лансираат нови закрпи кои ве штитат од последните хакерски закани, па така сите можни пропусти кои се подоцна пронајдени нема да бидат закана за вашата безбедност.

10. Бришете апликации кои не ги користите

Често знаеме да инсталираме бројни апликации кои по неколку дена воопшто не ги активираме и користиме и едноставно ги забораваме на смартфонот. Проблемот со нив е што веќе имаат пристап да вашите податоци, а самите сервиси може да променат сопствеништво, да станат ранливи на нови закани. Ако не ги користите и надградувате се доведувате во голем ризик. Затоа редовно правете генерална чистка на смартфонот од непотребни и стари апликации.

 

Електронско банкарство

Зошто и каде се користат дигиталните сертификати на КИБС?

Објавено

на

Клириншка куќа КИБС АД Скопје (КИБС) e оператор на платен систем за порамнување на мали меѓубанкарски плаќања. Со решение на Министерството за финансии од 26 јуни 2006 година, КИБС преставува првиот регистриран Издавач на сертификати во Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Зошто да присуствуваш на Конференцијата за Е-трговија “Бизнис раст со е-трговија”?

Објавено

на

Во време на социјални медиуми и дигитална комуникација, честопати забораваме на важноста да се биде на место каде што можеме лице во лице да поразговараме со други луѓе од деловната заедница. Ова е особено точно за сопствениците на мали бизниси, кои најчесто се многу зафатени со извршување на повеќе работни позиции одеднаш, така што мислата да одвојат неколку часови или денови надвор од својата канцеларија за да учествуваат на конференција може да им изгледа како губење на време. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Македонскиот лидер во е-трговија посветен на развој на домашниот туризам

Објавено

на

Секогаш со љубов и многу епитети ја опишуваме нашата мала и убава земја, но голем број од нас не почуствувале и виделе ни половина од убавините со кои таа располага. Прашањето е колку вистински ја имаме доживеано нашата земја? Кога последен пат сте се биле на Пелистер или на Кожув, воопшто? Сте јаделе ѓомлезе во Вевчани, сте јавале коњи или возеле АТV мотори во Маврово или сте се опуштиле на чист воздух на Пониква или Берово? Оваа есен сите патувачи имаат шанса да ја прошетаат и истражат Македонија и тоа по супер цени. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange