Connect with us

Анализи

ТОП 10 највисоки плати во државата

Објавено

на

Според податоците на државниот завод за статистика, доколку ги анализираме просечните плати по дејности во месец декември 2020 година во Република Северна Македонија, ќе дојдеме до заклучок има неколку дејности кои имаат просек на плати значително повисок од просечната месечна нето плата.

Само за потсетување, просечната нето-плата во декември изнесувала 28.294 денари.

Убедливо највисоки плати добиваат вработените во дејноста компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности каде просечната плата изнесува 76.223 денари или нивната плата е за 63.862 денари повисока од просечната нето плата во државата.

Веднаш по нив се вработените во информации и комуникации кои во декември просечно земале по 56.998 денари, а на трето место се вработените во Телекомуникации со просечна плата од 50.034 денари. Две скалила погоре се искачија платите на вработените во Финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови и од шестто место, се искачија на четврто место со просечна плата од 48.790 денари.

Првата петорка ја заокружуваат вработените во производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати со просечна плата од 47.948 денари или за 19.654 денари повисока од просечната нето плата во државата.

На шестото место се финансиски дејности и дејности на осигурување со просечна плата од 46.795 денари, додека вработените во Осигурување, реосигурување и пензиски фондови, освен задолжително социјално осигурување се на седмото место со просек на плата од 43.424 денари.

Вработените во воздухопловниот транспорт, просечно земале 42.671 денари и се позиционирале на осмото место пред вработените со дејност останати стручни, научни и технилки дејности со просек на плата од 41.589 денари.

Во топ 10 анализата влегуваат и вработените во дејноста вадење на руди и метал со просечна плата од 40.980 денари.

Вработените во овие дејности освен тоа што земаат далеку повисоки плати во однос на просечната нето плата, тие имаат поголеми приходи во споредба со синдикалната минимална кошничка којашто во јануари изнесувала 33.650 денари.

Анализи

ОД МЕСЕЦ ВО МЕСЕЦ РАСТАТ ТРОШОЦИТЕ ЗА ЖИВОТ – Трошоците на четиричлено семејство во август зголемени за 214 денари

Објавено

на

Минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во август се зголемени за 214 денари во однос на јули, покажуваат податоците од најновата синдикална кошница што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

АФД & НБ: Годишна Анализа на небанкарскиот финансиски сектор во Северна Македонија

Објавено

на

Според статистиката на Народната банка на Северна Македонија, во рамки на финансискиот систем на Северна Македонија, вкупните средства на останатите (небанкарски) финансиски институции во 2020 година бележат годишен раст од 12,8%. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

ОБИЧНИТЕ ЗАШТЕДИ СТАНУВААТ СЕ ПОНЕАТРАКТИВНИ – наместо штедачите да добијат камата, тие и плаќаат камата на банката!?

Објавено

на

За разлика од порано кога штедните влогови биле многу исплатливи и штедачите добивале навистина убави сума на пари како камата за своите заштеди, сега тие се се понеатрактивни и стануваат товар за штедачите. (more…)

Продолжи со читање



Популарно