Домашни банки
Тони Стојановски останува дел од Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје, но на нова раководна позиција

Стопанска банка АД – Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Управниот одбор на Банката.
Надзорниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје донесе Одлука за измена на Одлуката за ре-именување на членот на Управниот одбор, г-дин Тони Стојановски кој е член на Управниот одбор на Банката од 2010 година.
Тој останува член на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје, но отсега на нова раководна позиција. Г-дин Стојановски кој досега и повеќе од успешно ја извршуваше улогата на Генерален директор за управување со ризици, отсега ќе биде Генерален директор за корпоративно банкарство.
Оваа Одлука стапува на сила на денот на потпишувањето, а ќе се применува од датумот на добивањето на претходна согласност од Гувернерот на Народна банка на Република Северна Македонија.
Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје во моментов го сочинуваат:
- Диомидис Николетопулос – Генерален Извршен Директор и Претседател на Управен Одбор
- Тони Стојановски – Генерален Директор за корпоративно банкарство, член на Управен Одбор
- Милица Чапаровска – Јовановска – Генерален Директор за банкарство на мало, член на Управен Одбор
Домашни банки
Намалување на каматните стапки на Халкбанк на кредити за физички лица

Халкбанк АД Скопје изврши намалување на каматните стапки на потрошувачкиот и хипотекарниот кредит наменети за физички лица и понуди атрактивни услови за станбениот кредит. Овие услови ќе важат во промотивен период до 31 декември 2023 година. (more…)
Домашни банки
„ФИКСНО СИ Е ФИКСНО“ – станбен и потрошувачки кредит на Шпаркасе Банка со фиксна каматна стапка

Шпаркасе Банка АД Скопје посветено работејќи на визијата да биде прв избор на клиентите и водечка банка по квалитет на услугa, стартува со нови атрактивни понуди за сите клиенти, со најповолни услови. (more…)
Домашни банки
Комерцијална банка ќе овозможи тргување со акции без провизија на „Инвеститорскиот ден“ на Македонската берза

Комерцијална банка и оваа година ќе им овозможи на граѓаните еден ден да купуваат или да продаваат акции на Македонската берза без плаќање провизија за брокерски услуги. Со ова Банката ќе даде свој придонес за успешна реализација на четвртиот по ред „Инвеститорски ден“ на Македонската берза, што ќе се одржи на 13.09.2023 година (среда). (more…)
- Анализипред 2 months
АНАЛИЗА ШТЕДНИ ВЛОГОВИ: Во која банка е најповолно да ги орочите средствата на една година?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
ФАНТАСТИЧНО ПОЛУГОДИЕ ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – оствари добивка од 32,5 милиони евра за шест месеци во 2023 година
- Банкипред 1 month
УНИБанка вработува Раководител и Референт на фронт офис во експозитура во Скопје
- Платежни картичкипред 2 months
Масовен проблем со платежни картички, пос уреди и банкомати во Македонија
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Стопанска банка Скопје преку високо пазарно учество до профит од над 27 милиони евра за 6 месеци
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје