Connect with us

Лични финансии

Тоа што е добро за газдата, не мора да значи дека е добро за купувачот!

Објавено

на

Ryanair е нискобуџетна авиокомпанија и е главен конкурент на WizzAir. Цената на авионската картата кај овие превозници е реално ниска, но ако сакате поголем багаж или да си одберете седиште треба да платите. Всушност, освен основната карта за летот, се останато се наплаќа. Но, почнавме да се прашуваме што доколку вакви цени добијат директорите на овие авиокомпании. За среќа, има вистинска случка со директорот на Ryanair.

Мајкл О’Лири, главен извршен директор на Ryanair по пристигнувањето во хотел во Манчестер отишол до барот и побарал Гинис пиво.

Шанкерот му рекол: “Тоа ќе биде 1 фунта, ве молам, г-дин О’Лири.”

Вчудоневиден, О’Лири одговори: “Тоа е многу евтино”, и му ги даде парите.

“Ние се обидуваме да останеме пред конкуренцијата”, рекол шанкерот. “Имаме најевтино пиво во Англија”.

“Тоа е извонредна вредност”, коментира Мајкл.

“Гледам дека немате чаша, ќе ви треба една од нашите. Тоа ќе биде 3 фунти молам.”

O’Лири негодуваше, но плати. Тој го зеде пијалакот и одеше кон масата да седне.

“Ах, сакате да седнете?” рече шанкерот. “Тоа ќе биде дополнителни 2 фунти. Ако претходно сте ги резервирале, тоа би чинело 1 фунта”.

О’Лири колнеше во себе, но плати.

“Гледам дека го донесовте вашиот лаптоп” додаде бармен. “Тоа не беше однапред резервирано, тоа е уште 3 фунти”.

О’Лири беше толку вознемирен и неговото лице беше црвено од бес.

“Доволно! Јас инсистирам да зборувам со менаџер!”

“Еве ја неговата адреса за електронска пошта или, ако сакате, може да се поврзете со него помеѓу 9.00 и 9.01 часот секое утро, од понеделник до вторник. Повиците се бесплатни, освен ако не ви одговори, а потоа се наплаќа само за 1 фунта за секунда” .

“Јас никогаш повеќе нема да го користам овој бар”.

“Добро, но не заборавајте, ние сме единствениот хотел во Англија кој продава кригли за 1 фунта.”

Можеби на крајот од денот О’Лири ќе разбере што значи воспоставување на фер ценовна политика. Но, разликата е што тој не е единствениот што продава кригли во светот, во авиоиндустријата има поголем избор.

Лични финансии

Што претставува каматно-каматниот ефект или попознат како сложена камата?

Објавено

на

Еден од најпознатите научници во историјата, Алберт Ајнштајн ја опишал сложената камата како “Осмо Светско чудо”. Тој додал дека оној кој го разбира овој ефект, заработува многу, тој што не го разбира, подоцна скапо го плаќа. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Променете ги навиките и почнете да штедите

Објавено

на

Сликата што ни ја дава статистиката за повисоки плати и ниска инфлација се замаглува ако се обидете да ја наполните кошничката во некоја од домашните продавници и супермаркети. Кога ќе се спореди фискалната сметка и она што сме го ставиле во торбата по пазарењето, неизбежно доаѓа прашањето „Каде ми отидоа парите?“. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

БИЛ ГЕЈТС: Треба да си поставите 4 прашања за да го оцените квалитетот на вашиот живот

Објавено

на

Бил Гејтс има 63 години. Тој во целост се согласува со фактот дека воопшто не е истата личност која бше кога ја основаше компанијата “Microsoft”. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange