Connect with us

Компании

Тихомир Петрески нов Претседател на Управниот одбор во Триглав пензиско друштво

Објавено

на

Согласно одлуката на Надзорниот одбор на Триглав пензиско друштво АД Скопје, донесена на 12-та седница, одржана на 25.02.2021 година и по издадено одобрение од страна на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, од 01.04.2021 година г-дин Тихомир Петрески ја презема функцијата член и Претседател на Управниот одбор на Триглав пензиско друштво АД Скопје.

Г-дин Петрески доаѓа од позицијата генерален менаџер и основач на ПЕТРЕСКИ&ПАРТНЕРИ дооел Скопје. Зад себе има обемно професионално искуство во корпоративниот сектор, стекнато на повеќе раководни функции на домашниот и на интернационалните пазари за време на својата професионална кариера и повеќегодишно наставно искуство со активно учество во формалното и неформалното образование.

„Ми претставува привилегија и задоволство да бидам дел од тимот професионалци, кои раководат со компаниите членки на  Групацијата Триглав. Воедно, предизвикот е уште поголем, затоа што станува збор за одговорна улога во управувањето со  најмладиот член, како на Групацијата така и во реформираниот пензиски систем, и ќе ги вложам сите мои професионални капацитети во насока на остварување на заедничката  цел, друштвото да се позиционира како атрактивен избор за капитално финансирано пензиско осигурување на македонскиот  пазар’’ – изјави г. Петрески во оваа прилика.

Г-дин Маријан Николовски и натаму продолжува да ја врши функцијата член на Управниот одбор на Друштвото.

Триглав пензиско друштво е дел од Групација Триглав, една од најголемите осигурително-финансиски групации во ЈИ Европа. Со работа започна во 2019-та година и во неговиот фокус е грижата за интересите на членовите на фондовите со коишто управува преку постигнување што подобар инвестициски резултат.

Компании

Групацијата Триглав оценета како финансиски многу солидна и со одлични оперативни перформанси

Објавено

на

Агенцијата за кредитен рејтинг AM Best, во рамките на редовната годишна ревизија на Заваровалница Триглав и Позаваровалница Триглав Ре, ги потврди кредитниот рејтинг на финансиска моќ „А“ (одлично) и долгорочната оценка за кредитна способност на издавач „а“ (одлично). (more…)

Продолжи со читање

Компании

Андријана Поповска го замени Артон Лена во Одборот на директори на ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје

Објавено

на

ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување на компанијата. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Триглав oсигурување Живот АД Скопје одбележа 5 години постоење на македонскиот пазар

Објавено

на

Триглав oсигурување живот АД Скопје во присуство на бројни гости од земјава и странство, соработници и партнери кои изминатите години ја дадоа својата доверба и поддршка, го одбележа својот петгодишен јубилеј на успешно делување на македонскиот пазар за осигурување. Компанијата е основана како најмладо друштво за животно осигурување на пазарот за осигурување во 2017 година, со одлука за директна инвестиција во ново друштво и е во доминантна сопственост на групацијата Заваровалница Триглав. (more…)

Продолжи со читање

Популарно