Connect with us

Странски банки

Тинејџери ќе може да користат дебитни сметки преку Venmo

Објавено

на

Популарната апликација за парични трансакции Venmo развива нова услуга за корисниците која најверојатно ќе се нарекува Delegate. Идејата на новата секција на стартапот кој е во сопственост на PayPal е да им овозможи на тинејџерите да имаат сопствени дебитни сметки за располагање со средствата.

Дебитните сметки ќе може да ги отвори родител или старател за тинејџери кои се малолетни. Преку опцијата Delegate на Venmo ќе може да постават дневни лимити за трошење на средствата.

Од друга страна пак, тинејџерите како носители на дебитните сметки ќе може да ја проверуваат состојбата на средствата, како и да прават преглед на извршените трансакции. Venmo е одличен сервис за поделба на сметка во ресторан или кафе бар со тоа што корисниците може разликата директно да си ја префрлат на картичка.

Странски банки

Дали е време централните банки да се свртат кон дигиталните валути?

Објавено

на

Светската здравствена организација веќе ги даде препораките за што е можно поголемо избегнување на употребата на кеш при трансакциите со цел да се избегне ризикот од пренесување на корона вирусот. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Менаџерите на УниКредит банка се откажаа од нивниот бонус за 2020 година

Објавено

на

Најголемата италијанска банка според вредноста на средствата, „UniCredit”, во вторникот објави дека нејзините водечки директори и високи менаџери решиле да се откажат целосно од нивните бонуси за 2020 година и дека банката истиот тој износ ќе го донира во Фондацијата „UniCredit” за поддршка на социјални иницијативи и пред се за помош на луѓето на кои тие средства им се неопходни. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Како инвеститорот Бил Акман заработи милијарди од корона кризата додека берзите тонеа?

Објавено

на

Слично како при падот на пазарот на недвижности во САД во 2006-2008 година, кога се создаде огромната хипотекарна криза и кога се случи тешката финансиска криза, одредени инвеститори ги броеја милијардите, додека пак останатите во паника чекаа владини мерки за спас на пазарот на капитал.

Така и сега, во екот на корона кризата која ги потона берзите во САД и глобалните пазари, инвеститорот Бил Акман од неколку вложени милиони, заработи 2,7 милијарди долари, а со тоа практично го спаси неговиот инвестициски фонд Pershing Square Capital Management како и портфолијата на бројни компании и организации.

Наједноставно кажано Акман се обложи со 27 милиони долари дека економијата на САД ќе доживее крах и тоа пред еден месец, кога се појавија првите сигнали дека корона вирусот ќе се прошири насекаде во светот и ќе предизвика глобална пандемија.

Акман исто така ги ликвидираше повеќето корпоративни хартии од вредност за кои беше сосема извесно дека ќе изгубат многу од пазарната капитализација, па така спаси инвестиции на голем број од неговите клиенти кои препуштаат на неговиот фонд во што и како ќе инвестира, односно ќе ги оплодува нивните средства.

Pershing Square ја искористи кредитната заштита на индексите на обврзници со високи приходи и високи приноси за да оствари огромна добивка. Средствата се зголемуваа по вредност како што се зголемуваа шансите за пад на вредноста на корпоративните обврзници.

Акман оттогаш го искористи профитот за да ги зајакне инвестициите на Pershing Square во Berkshire Hathaway, Hilton, Lowe’s, Restaurant Brands International, и Agilent. Фондот, исто така, воспостави удел во „Старбакс“, откако ја продаде својата позиција во јануари.

Дел од аналитичарите го обвинуваа Акман дека со постапката шири страв и со тоа негативно влијание на инвесторите, но испадна дека неговиот облог и тоа како бил навремено осмислен и оправдан, иако покажува недоверба во способноста на пазарот да ги надмине брзо шоковите предизвикани од застој на економијата.

Акман исто така потенцира дека американската економија треба да биде ставена на „пауза“ во рок од триесет дена, да се претрпат сите загуби, но потоа да се надминат мерките за карантин и изолација штом пандемијата се стиши по примерот на Кина каде веќе нема потреба од затвореност и економијата, но и секојдневниот општествен живот се враќа во нормала.

Продолжи со читање

Популарно