Connect with us

Домашни банки

Тимот на ПроКредит Банка засади 4.700 садници бел бор

Објавено

на

Како дел од низата активности на банката за справување и намалување на ефектите на климатските промени, тимот на ПроKредит во координација и соработка со ЈП Национални Шуми изминатиот петок реализираше еко-инцијатива за пошумување на површина од 2 хектари во близина на Крива Паланка, каде беа засадени 4.700 садници бел бор.

„Грижата за околината е приоритет и е дел од стратешките определби на Банката. Пошумувањето во кривопаланечко е продолжување на иницијативата која ја започнавме во 2020, со пошумувањето на Пониква, а е дел од проектите и иницијативите вклучени во платформата Се Грижам, Делувам, Менувам. Нашите заложби за зачувување на животната средина подразбираат иницијативи во различни сегменти, почнувајќи од зголемување на нашата енергетската ефикасност како банка, селектирање отпадот кој го креираме, користењето на обновливи извори на енергија, возење на електрични возила, подигнување на еколошката свесноста преку организирање на едукативни работилници, разни еко донации, па се до финансирање на клиентите за реализација на зелени инвестиции”, изјави Методија Миноски, Директор на оддел за управување со животна средина во ПроКредит Банка.

ПроКредит е прогресивна компанија која поставува високи стандарди во бизнис заедницата за спроведување општествено одговорни практики, како дел од стратегијата за одржлив развој и намалување на негативното влијание кон животната средина.

Дознајте повеќе за одговорните практики на банката на следниот линк: ProCredit Bank – Еко (pcb.mk)

Домашни банки

Комерцијална банка со донација на 6.000.000 денари ќе помогне за спас на преживеаните по разорните земјотреси во Турција и во Сирија

Објавено

на

„Нашите мисли се со семејствата на настраданите од разорните земјотреси во Турција и во Сирија, на кои им изразуваме длабоко сочувство и се молиме за спас на луѓето кои сѐ уште се под урнатините”, велат од Комерцијална банка. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Во Халкбанк отворена донаторска сметка за помош за настраданите од катастрофалниот земјотрес во Туркије

Објавено

на

Во Халкбанк АД Скопје отворена е донаторска сметка за помош за настраданите од катастрофалниот земјотрес што го погоди централното подрачје на Кахраманмараш-Пазарџик во Туркије. Сите кои сакаат да донираат средства, уплатата можат да ја направат на сметката 270-0641538507-69, со назнака МАТТО ПОМОШ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО РЕПУБЛИКА ТУРКИЈЕ. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк ги зголеми платите на своите вработени во просек за 14%

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје изврши генерално покачување на платите на сите, над 700 вработени во банката на ниво на просек од 14%, со што најзначително се влијае на пораст на најниската плата во банката. Со ова Банката уште еднаш ја потврди својата грижа за обезбедување континуиран развој и мотивација на вработените кои се еден од главните чинители на успешното работење на банката. (more…)

Продолжи со читање

Популарно