Connect with us

Домашни банки

Тимот на Охридска банка Сосиете Женерал трчаше на Скопскиот маратон за поддршка на деца со Даунов синдром и интелектуална попреченост

Објавено

на

Тимот на Охридска банка Сосиете Женерал и оваа година учествуваше на Скопскиот Wizz Air маратон, што се одржа на 6 мај, 2018 година. Вработените трчаа со голема мотивација да ја завршат трката, затоа што за секој истрчан километар на маратонците се донираа по 360 денари за децата и младинци од Посебното основно училиште „Др. Златан Сремец”. Износот на вкупната донација изнесува 75.000 денари.

Средствата од донацијата ќе се искористат за купуавање на авионски билети за учество на десет деца и младинци на овој меѓународен атлетски фестивал, во придружба на шест дефектолози.

„Учеството на овој маратон за нас не е само обична спортска-тим билдинг активност, за нас секогаш е предизвик повеќе. Традиционално секоја година, Банката ги мотивира своите вработени што помасовно да учествуваат на овој голем настан, одвојувајќи финансиски средства за секој истрчан километар. Па така, оваа хуманитарна трка, освен лична сатисфакција, претставува и предизвик за хуманост. Нашите вработени и овој пат покажаа дека се подготвени да одговорат на предизвици и надвор од нивните секојдневни работни обврски. Охридска банка Сосиете Женерал како општествено одговорна компанија ја покажа својата посветеност кон општестото со обрнување внимание на децата со Даунов синдром и интелектуална попреченост, овозможувајќи им учество на 12. Меѓународен специјален атлетски фестивал во Истанбул“ – изјави Катерина Петровска, Раководител на Дирекцијата за маркетинг.

Воедно, оваа трка претставува дел од програмата „Време за општествена одговорност“ на Охридска банка Сосиете Женерал како дел од интернационалната програма на групацијата Сосиете Женерал, во која вработените доброволно го минуваат своето време во спортски, едукативни и хуманитарни активности.

Минатата година, тимот на Охридска банка Сосиете Женерал донираше средства за Здружението на слепи лица на Република Македонија за набавка на машини за пишување.

Охридска банка Сосиете Женерал останува посветена на своите заложби да дејствува како одговорен корпоративен граѓанин кој постојано придонесува во заедницата во која работи, а со тоа и да претставува пример за добри општествени практики.

Домашни банки

Централна кооперативна банка АД Скопје со добивка

Објавено

на

Во второто тримесечје од 2018 година, Банката оствари позитивен финансиски резултат, кој е на линија на поставените цели од деловниот план. Како резултат на континуираниот нагорен тренд во доменот на кредитирањето, при истовремено задржување висок квалитет на кредитното портфолио и насоченоста кон подобрувањето на оперативната ефикасност, евидентиран е пораст на каматните приходи од 6,56% во однос на истиот период од минатата година. Банката бележи и значителен раст на депозитите, особено во сегментот население. Растот на депозитите генерираше зголемени расходи за камата за 7,41%, но, сепак, нето-ефектот кај приходите од камата е позитивен и е зголемен за 6,14% во однос на истиот период минатата година.

Поради определбата на Банката за зголемување на обемот на работа преку понуда на промотивни и подостапни услуги за своите клиенти, нето-приходите од провизии и надоместоци бележат намалување за 5,50%, споредено со истиот период минатата година.

Банката во второто тримесечје го задржа одличниот квалитет на кредитното портфолио и покрај евидентираниот мал раст на исправката на финансиските средства. Зголемувањето на исправката делумно  произлегува од растот на кредитното портфолио, а дел од последователното мерење на кредитниот ризик на зрелото кредитно портфолио. Во овој период Банката нема евидентирано нови преземени средства и, соодветно, нема издвоено загуба поради оштетување на нефинансиските средства.

Во делот на останатите приходи од дејноста, Банката го задржа речиси истото ниво во однос на минатата година, додека кај нето-приходите од курсни разлики, оствари незначително намалување.

Позицијата трошоци за вработените забележа зголемување за 5,42% во однос на минатата година, поради растот на бројот на вработените и континуираното вложување во постојните вработени.

Напредокот во делот на оперативната ефикасност се гледа и преку остварените заштеди евидентирани во позицијата останати расходи од дејноста, при што истите се за 2,60% пониски од минатата година.

Продолжи со читање

Домашни банки

Сити Банка ја награди Комерцијална банка како најдобра во меѓународните плаќања во 2017 година

Објавено

на

Како признание за брзината и квалитетот на меѓународните плаќања во долари и оваа година Комерцијална Банка АД Скопје е добитник на Best Performance STP Excellence award од  Citi Bank: 2017 US Dollar payments STP Excellence Award – Best Performance. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

МФ, УЈП и МБА ќе соработуваат за целосна заштита на податоците на граѓаните

Објавено

на

Министерството за финансии и Управата за јавни приходи одржаа состанок со Македонската Банкарска Асоцијација во врска со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за банките. Беше договорено прецизирање на текстот кое ќе се имплементира во новиот текст на Законот.

Управата и со постоечкиот закон добива податоци за сметките на граѓаните на писмено барање. Со промените би се добивала само приходната страна по автоматизам, за останатите податоци Управата и понатаму ќе мора да поднесе писмено барање. Трошењата на граѓаните и состојбата на сметката не и се потребни на УЈП за изработка на претпополнетата даночна пријава.

Податоците кои ќе ги добива УЈП ќе бидат „енкриптирани“ со цел да се заштитат личните податоци на граѓаните. Ова ниво на заштита е повисоко и од актуелното. Во насока на заштита на личните податоци, веќе се подготвуваат промени во Законот за Управата за јавни приходи.

Промените ќе стапат на сила од почетокот на 2019 година, бидејќи истите се потребни за изработка на претпополнетата годишна даночна пријава. Со ова како и во најголем дел од Европските земји граѓаните ќе се ослободат од пополнување на годишната даночна пријава.

Нема никакви промени кај третманот на дознаките од странство. Ова значи дека и понатаму ќе се применува постоечкото законодавство, според кое приливите по основ на лични трансфери, помош и подароци не се оданочуваат со персонален данок на доход.

УЈП и Македонската Банкарска Асоцијација ќе ја продолжат соработката со цел успешно да се имплементира законот.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange