Connect with us

Останато

Тимот на министерството за финансии победи на “Business Run„

Објавено

на

Убавиот сончев ден вчера го искористија тимови од македонскиот бизнис сектор за штафетна трка под името „Business Run“.

Mминистерот Драган Тевдовски и тимот од финансии и годинава беа најбрзи на бизнис трката Скопје. Тие ја освоија златна штафета, сребрена отиде во рацете на тимот од „НЛБ Тутунска банка“, а Македонски Телеком годинава завршија со бронза. И минатата година ајбрз на штафетната бизнис трка беше тимот од Министерството за финансии.

Патеката од 8 километри ја трчаа по четворица претставници од секоја компанија кои се менуваа на два километри.Се натпреваруваа тимови од компании, организации, институции, здруженија, дипломатски претставништва и субјекти на деловно-општествената заедница.

Тимовите беа машко – женски состав, за симболично да се покаже работната атмосфера во компаниите.

Пред трката за сите тимови беше организирана забава за учесниците за подобро запознавање.

Организатор на бизнис трката е здружението „Прв до врв“ од Скопје.

 

Криптовалути

„Coinbase“ се сели во Даблин порди Brexit

Објавено

на

„Coinbase“, една од најголемите американски платформи за размена на криптовалути, го проширува европското присуство, отворајќи канцеларија во Даблин, бидејќи неизвесноста околу „Brexit“ продолжува да ги принудува компаниите да создаваат планови со кои ќе ги заштитат нивните бизниси при непредвидени околности. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Влијанието на вештачката интелигенција врз криптовалутите

Објавено

на

Неодамна, компанијата IBM започна со истражување на тема криптовалути и блокчејн технолофија, што јасно зборува за важноста која една од водечките светски компании им придава на оваа тема. Познат е систем на вештачката интелигенција развиен од IBM под името Watson и кој имал своја примена во различни области. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Македонија на 84. место во Извештајот за глобалната конкурентност

Објавено

на

Македонија е рангирана на 84. место во Извештајот за глобалната конкурентност што го изработува Светскиот економски форум. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange