Connect with us

Компании

Тиго Фајнанс со уште 3 нови филијали во Струга, Штип и Велес и со најава за уште 5 до крајот на месец април

Објавено

на

По проширувањето на својата продажна мрежа во Струга, Штип и Велес во текот на февруари 2021 година, Тиго Фајнанс продолжува со експанзијата со уште 5 филијали во Гостивар, Кичево, Кавадарци и две во Скопје до крајот на април 2021 година.

На барање на клиентите, во текот на минатиот месец компанијата отвори 3 нови филијали, во Струга на ул. Пролетерски Бригади бр. 37, во Штип на ул. Ванчо Прќе бр.67 и во Велес на ул. Маршал Тито бр. 32, а до крајот на месец април, најавува проширување на својата продажна мрежа на уште 5 локации, односно во Гостивар, Кичево, Кавадарци и две во Скопје. Со оваа експанзија, услугите на Тиго Фајнанс ќе бидат достапни во 17 филијали ширум земјата.

Оваа експанзија која ќе продолжи во текот на целата 2021 година, доаѓа како резултат на сѐ поголемото побарување на клиентите за достапност на услугите на Тиго Фајнанс преку физички точки ширум земјата, што подразбира и нови вработувања. Во моментов Тиго Фајнанс брои вкупно 76 вработени, а со експанзијата и моменталната динамика веруваат дека до крајот на годината ќе достигнат и до 100 вработени, со што компанијата станува сѐ посериозен партнер на локалните заедници каде што делува.

Воедно, заедно со проширувањето на својата продажна мрежа, Тиго ја најави и својата најнова кампања „Побрзи од стресот“ како одговор за сите стресни ситуации предизвикани од финансиски причини. Со кампањата се комуницира актуелната атрактивна понуда на Тиго, преку која сите нови клиенти имаат можност да аплицираат за кредит, без камата и 0% трошоци, односно колку клиентот ќе земе, толку ќе има обврска и да врати, со навремена и еднократна отплата на 30 дена.

До услугите на Тиго Фајнанс, клиентите можат едноставно да пристапат и онлајн на www.tigo.mk или да се информираат со јавување во контакт центарот на 13 700, а аплицирањето е подеднакво брзо како и во филијалите, односно одговор на апликацијата се добива за само 30 секунди, додека исплатата во кеш се врши за само 10 минути, само со лична карта и без жиранти.

Компании

Сава пензиско друштво оствари добивка од 1,58 милиони евра во 2020 година

Објавено

на

Сава пензиско друштво а.д. Скопје преку Македонска Берза објави ревидиран финансиски извештај за периодот 01.01.-31.12.2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Компании

КБ Прво пензиско друштво оствари добивка од 2,3 милиони евра во кризната 2020 година

Објавено

на

КБ Прво пензиско друштво а.д. Скопје преку Македонска Берза објави ревидиран финансиски извештај за периодот 01.01.-31.12.2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Тихомир Петрески нов Претседател на Управниот одбор во Триглав пензиско друштво

Објавено

на

Согласно одлуката на Надзорниот одбор на Триглав пензиско друштво АД Скопје, донесена на 12-та седница, одржана на 25.02.2021 година и по издадено одобрение од страна на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, од 01.04.2021 година г-дин Тихомир Петрески ја презема функцијата член и Претседател на Управниот одбор на Триглав пензиско друштво АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање




Популарно