Connect with us

Компании

Тиго Фајнанс и Електрометал пионери со уникатно партнерство – над 60.000 МКД за над 60.000 производи

Објавено

на

Во рамките на стратегијата за проширување на достапноста на финансиските услуги, финансиското друштво Тиго Фајнанс започна партнерска соработка со Електрометал, преку која, пристапот до финансиски средства во најпотребните моменти станува уште подостапен за граѓаните. Соработката доаѓа како резултат на официјални истражувања во кои се забележува најчестата потреба за производите од ваков тип, како и како резултат на обединувањето на професионалноста, иновативноста, прилагодливоста и посветеноста кон потребите на клиентите, вредности кои обете компании ги живеат и негуваат.

Под слоганот „Тиго и Електрометал: Пријатели на домот и буџетот“, компаниите направија функционален спој на две различни индустрии, чиишто придобивки се во полза на граѓаните. Со овој иновативен и уникатен партнерски пристап, компаниите овозможуваат на едно место и во неколку минути, безгрижно пазарување на над 60.000 најразлични производи за домаќинството, паралелно со можност за едноставен и брз пристап до финансии. Всушност сега, потрошувачите имаат над 60.000 МКД за над 60.000 најразлични производи.

Почетокот на партнерството го означија отворените филијали во маркетите на Електрометал во населбите Маџари, Карпош и Драчево, каде отсега граѓаните можат да подигнат кредит до 80.000 денари, само со лична карта, за помалку од 10 минути и на тој начин, да си ја зајакнат куповната моќ при пазарувањето, или пак да го покријат финансискиот кусок, но и да задоволат било каква друга финансиска потреба преку ненаменски потрошувачки кредит.

Точните локации како и работното време на Тиго филијалите во Електрометал се достапни на www.tigo.mk/filijali. Инаку, до услугите на Тиго Фајнанс, клиентите можат едноставно да пристапат преку веб страницата www.tigo.mk, да се информираат со јавување во контакт центарот на 13 700 или директно во една од филијалите ширум земјата.

Електрометал, пак, со 70 години традиција, гаранција за доверба и квалитет, претставува синоним за континуирано трговско делување и вистински центар за домот кој на купувачите им нуди широк асортиман на производи од најквалитетните светски брендови во своите индустриски гранки.

Компании

Онлајн купување и пари назад

Објавено

на

Онлајн пазарувањето го упростивме го направивме сега поедноставен! Креиравме брз и практичен начин со кој не само можете да пазарувате преку интернет кај саканата онлајн продавница туку и да добивате предности. Имате можност да заштедите и време и пари. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Триглав ја задржа цврстата капитална позиција и високата добивка за време на пандемијата

Објавено

на

Агенцијата за кредитен рејтинг S&P Global Ratings (во продолжение S&P, или агенција), по извршениот редовен годишен преглед, на ден 13.9.2021 година на Групацијата Триглав, а со тоа и на нејзиното матично друштво и на друштвото ќерка Позаваровалница Триглав РЕ, повторно им ги потврди долгорочната кредитна оценка и бонитетната оценка на финансиска моќ “A” со стабилна среднорочна прогноза. Високиот рејтинг е одраз на солидната капитализираност на Групацијата Триглав и на нејзиното стабилно,
профитабилно работење, поддржано од дисциплинирано преземање ризици во осигурување, користење сигурна заштита преку реосигурување и економијата на опсег, како и други предности на доминантната пазарна позиција во регионот и во Словенија. Кредитниот рејтинг “A” потекнува исклучиво од самостојниот профил на кредитен ризик на Групацијата. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Во следните 12 месеци приватните компании планираат да инвестираат над 160 милиони евра

Објавено

на

Во периодот септември 2021 – август 2022 година, 93,8 отсто од од приватните компании планираат инвестиции. Вкупниот планиран износ на инвестиции на овие компании изнесува 161.054.020 евра. Ова се податоците од анкетата што ја спроведе Стопанската комора на Северна Македонија меѓу своите членки, на тема „Инвестиции на компаниите членки на СКСМ во следните 12 месеци ( септември 2021 – август 2022 година)”. (more…)

Продолжи со читање



Популарно