Connect with us

Домашни банки

Тиго Фајнанс воведува олеснувања на условите за отплата на кредитите за своите клиенти

Објавено

на

Тиго Фајнанс активно ги следи случувањата и мерките поврзани со појавата на Корона вирусот во нашата земја и активно ги применува препораките за справување со ситуацијата.

Оттаму, имајќи го предвид економското влијание на оваа специфична ситуација за граѓаните, со цел полесно справување со предизвиците за клиентите, Тиго Фајнанс воведува две нови привремени услуги кои ќе им бидат на располагање на граѓаните кои се соочуваат со потешкотии со отплатата на својот кредит во Тиго.

Имено, веќе од денес, Тиго повеќе од двојно ја намалува цената за услугата за 30—дневно одложување на отплатата на кредитот, а истата е валидна за сите постојни и нови клиенти кои ќе ја одберат оваа опција.

Дополнително, наскоро на сите постојни и нови клиенти ќе им биде понудена и нова опција за одложено плаќање до 60 дена по поволни услови, што на клиентите ќе им даде можност да располагаат со средства во најпотребните моменти.

„Со воведувањето на овие поволности, Тиго Фајнанс ја покажува својата подготвеност да ја понуди неопходната поддршка за граѓаните во оваа специфична ситуација која го засега секој поединец во нашата земја. Со оваа постапка, која и покрај тоа што е далеку од поволна за нашето деловно работење, повторно ги ставаме потребите на нашите клиенти на прво место, верувајќи дека така ќе им овозможиме полесно да се справат со финансиските потешкотии со кои се соочуваат во овие околности“ – изјави Филип Димитровски, Главен извршен директор на Тиго Фајнанс.

Право на користење на овие привремени олеснувања имаат сите клиенти на Тиго, а истото можат да го направат на многу едноставен начин, преку уплата на износот на услугата за продолжување на рокот за отплата на кредитот во некоја од филијалите на Тиго или преку банкарска сметка.

Клиентите кои ќе се одлучат да ги користат овие поволности во филијалите на Тиго, пред сѐ е неопходно да се придржуваат кон мерките и препораките за намалување на ризиците од ширењето на вирусот и да ги имаат предвид информациите достапни на следниот линк.

Тиго Фајнанс е едно од друштвата основачи и член на Асоцијацијата на финансиски друштва на Северна Македонија, чии цели се заштита и едукација на правата на клиентите, како и регулација и развој на финтек индустријата.

Повеќе информации за овие поволности за клиентите се достапни на следниот линк или на телефонскиот број 13 700.

Домашни банки

ИутеКредит со навремена уплата на данок на добивка од 7,7 милиони денари

Објавено

на

Финансиското друштво Иуте Кредит Македонија со своето две и пол годишно постоење и делување на македонскиот пазар настојува да придонесе во економијата и ликвидноста на државата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје однапред плати аконтации за данок на добивка за 2020 година во износ од 10,5 милиони денари

Објавено

на

Во услови на справување со актуелната сериозна опасност од ширењето на Ковид-19 (корона вирусот) во нашата земја, поддржувајќи ги препораките и мерките на Владата, ТТК банка АД Скопје денес изврши предвремено плаќање на вкупните месечни аконтативни обврски за данок на добивка за 2020 година во износ од 10.460.780 денари. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Јавна понуда од НЛБ Банка за промена на договорните услови за кредитни производи за клиенти – физички лица

Објавено

на

Со цел полесно надминување и ублажување на негативните ефекти предизвикани од пандемијата на COVID-19, НЛБ Банка објави ПОНУДА за поддршка на сите свои клиенти, физички лица преку посебни услови за олеснување на отплатата на сите кредитни изложености. (more…)

Продолжи со читање

Популарно