Connect with us

Осигурување

Технолошки усовршен дигитален центар на Групацијата Триглав во Љубљана

Објавено

на

Групацијата Триглав во Љубљана отвори нов дигитален центар, Триглав ЛАБ. Просторот на едно место обединува услуги на четири друштва од Групацијата Триглав, современи технолошки решенија и иновативни искуства од подрачјето на безбедност. На посетителите им овозможува искуство со напредни идеи од областа на осигурувањето, коишто се прилагодени на потребите на клиентите и ја олеснуваат соработката со водечката осигурителна и финансиска групација во Словенија и во регионот Адриа.

Технолошки напредниот центар Триглав ЛАБ на посетителите ќе им понуди увид и можност за користење на иновативни дигитални решенија. Покрај тестирање на нови продукти, развој на современи паметни услуги и остварување на идеи за подобро корисничко искуство, неговата намена е и приближување на луѓето кон дигиталниот свет на осигурувањето и можност за користење на дигиталните услуги на Триглав. Тоа значи дека посетителите во Триглав ЛАБ ќе можат да склучат договори за осигурување, како и да пријавуваат штети.

Фокус на клиентите

Во новата стратегија, Групацијата Триглав, во самиот центар на своите активности ги постави клиентите. “Свесни сме дека дигитализацијата е нашата реалност. За обезбедување на квалитетни производи и услуги, потребни се технолошки решенија, прилагодени на потребите на клиентите. Тие се центарот на нашите активности, затоа ги прилагодуваме процесите на нив и на нивните потреби, коишто се менуваат, и развиваме иновативни производи и услуги. Токму затоа деловните процеси постојано ги надградуваме со современи решенија. Согласно нашата нова вредност, современост, како и врз основа на стратешките насоки, го основавме Триглав ЛАБ – технолошки центар и полигон на дигитално работење на Групацијата Триглав” -изјави Тадеј Чароли, член на Управата на Заваровалница Триглав.

Целта е на осигурениците да им се понудат пред сe едноставни и меѓусебно поврзани услуги од разни осигурителни групи, поточно имотни осигурувања, осигурување на живот, здравствени и пензиски осигурувања. “Преку овој напреден дигитален центар сакаме, меѓу другото, на клиентите да им понудиме единствено и сеопфатно искуство – да се надмине поделбата на поединечни друштва во Групацијата Трилгав и на едно место да одговориме на нивните потреби.” додаде Чароли.

Триглав ЛАБ е продажно место, коешто под една стреа ги здружува четирите одделни друштва: Заваровалница Триглав, Здравствена заваровалница, Триглав Склади и Скупна покојнинска дружба.

Современи технолошки иновации

Сите кои ќе дојдат во дигиталниот центар, ќе имаат можност да го тестираат симулаторот ДРАЈВ. Симулаторот на корисниците им овозможува искуство со различни ситуации, што можат да се случат во сообраќајот, а на помладите возачи им дава можност да поминат курс за безбедно возење. Посетителите ќе можат да ги пробаат и симулациите за скијачки скокови и за земјотреси во виртуална реалност. Преку видео конференции ќе имаат можност да разговараат со лекари, од кои ќе можат да добијат совети за превентивни лекувања, додека пак преку ЕЕГ технологијата ќе имаат можност да се запознаат со проблематиката на деменција. И тоа не е се. Посетителите ќе можат со сопствените мисли да наточат питка вода, додека на соларните клупи ќе можат да ги наполнат своите мобилни уреди.

Мисијата на Групацијата Триглав е градење на безбедна иднина. Иновативните доживувања во центарот Триглав ЛАБ (кратенка од лабараторија) ќе помогнат и при подигнување на свеста на клиентите за последиците од демографските промени, природните катастрофи, безбедноста во сообраќајот итн.

Осигурување

Осигурување МАКЕДОНИЈА а.д. Скопје со добивка од над 1 милион евра за периодот јануари-септември 2018

Објавено

на

Осигурување МАКЕДОНИЈА а.д. Скопје – Виена Иншуренс Груп заклучно со 30,09,2018 година има остварено добивка пред оданочување во износ од 68,4 милиони денари. Во истиот период 2017 година Друштвото оствари добивка пред оданочување во износ од 56,4 милиони денари. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Се воведува данок на осигурување

Објавено

на

Под доход од осигурување се подразбира премијата за осигурување на живот уплатена од правно лице или обврзник кој остварува доход од самостојна дејност, премијата за неживотно осигурување уплатена од правно лице или обврзник кој остварува доход од самостојна дејност, придонеси во доброволен пензиски фонд уплатени од правно лице или обврзник кој остварува доход од самостојна дејност, исплатената осигурана сума, освен надоместокот на штета,  исплатениот пензиски надоместок од доброволно капитално финансирано осигурување и освен пензискиот надоместок исплатен преку програмирани повлекувања. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Кроациа Осигурување – Живот: “Се повеќе Македонци се одлучуваат за животно осигурување како сигурен облик на штедење”

Објавено

на

Се повеќе македонски граѓани го препознаваат животното осигурување како сигурен облик на штедење кое им гарантира заштеда, овозможувајќи им истовремено сигурност при можни ризици. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange