Останато
Технологија и иновации за родова еднаквост – Македонската берза дел од “Ring the bell for Gender Equality 2023“

Македонска берза и оваа година се приклучува кон Иницијативата “Ring the Bell for Gender Equality”. Темата за 2023 година е “DigitAll: технологија и иновации за родова еднаквост“, со што токму на Меѓународниот ден на жената се препознава придонесот на жените ширум светот кои се залагаат за унапредување на трансформативната технологија и дигиталното образование.
Иницијативата која е поддржана од 123 други берзи има за цел подигнување на свеста за родовата еднаквост во приватниот сектор, прашањата поврзани со економијата, финансиите и одржливиот развој.
По овој повод, денеска, ѕвоното на Македонска берза заеднички го заѕвонија Даринка Дамјановиќ, Извршен директор на ЦДХВ, Јасна Смилева, Координатор на сектор за супервизија на пазарот на капитал во Комисијата за хартии од вредност, Катерина Илиќ-Нонкуловска, Раководител на Службата за услуги со хартии од вредност во НЛБ Банка Скопје, Весна Каркинска, Извршен директор во Генерали Инвестментс и Иван Штериев, Главен извршен директор на Македонска берза.
Останато
Пензиите ќе се зголемат за 8,4 проценти!

Советот на социјална сигурност денеска на состанок усвои зголемување на пензиите. Просечната пензија од 17 666 денари се зголемува на 19 150 денари. Зголемувањето на мартовската пензија согласно методологијата ќе биде зголемување од 8,4 проценти што е повеќе од очекуваното, информира премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција во Владата. (more…)
Останато
ПАНТЕЛЕОН ГС понуди 330 милиони денари со што станува потенцијален сопственик на зградата на Еуростандард Банка во центарот на Скопје

Во текот на вчерашниот ден, на третата електронска лицитација за продажба на зградата на Еуростандард Банка-во стечај како потенцијален и мошне извесен иден сопственик на имотот се јави компанијата Пантелеон ГС која понуди 330 милиони денари. Оваа понуда беше избрана за најдобра во текот на вчерашната електронска лицитација. (more…)
- Анализипред 2 weeks
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Анализипред 2 months
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | Д-Р БИЛАЛ СУЏУБАШИ, ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ
- Банкипред 1 week
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка