Connect with us

Колумни

Техники на перење пари: 4 причини зошто усогласеноста е поважна од кога било во 2019/2020 година

Објавено

на

Во текот на последните пет или повеќе години, криминалците увидоа дека каналите во финансискиот систем брзо се дигитализираат. Тоа значи дека тие би можеле да направат многу повеќе со помалку мака и работа употребувајќи ја технологијата.

Системите за спречување на перење пари мораа брзо да се ажурираат за да можат да се следат недозволените текови на пари, од огромни количини на податоци за клиентите, податоци за сметки и податоци за трансакциите. Сето ова стана невозможно службениците да го следат. Регулаторите исто така се залагаа за финансиските институции да ги подобрат своите системи со подобри алгоритми и модели за да можат да бидат во чекор со криминалците кои го користат дигиталниот бран.

Во 2019 година, криминалците користат нови начини за искористување на технологиите за нивните незаконски активности. Искористување на анонимноста и сеприсутноста во “blockchains” и производство на високо – квалитетни фалсификувани лични карти се само некои од начините на кои се прилагодуваат криминалците.

Дозволете ми да ви дадам неколку причини зошто современата усогласеност, поттикната од вештачка интелигенција е поважна од кога било:

1. Перење пари засновано врз трговија: Перењето пари засновано врз трговија (на пр. користење на трговски инструменти, како измама со акредитиви, лажни фактури, повторно насочување на бродови за подигање на нелегална стока) е од голема загриженост. Употребата на вештачка интелигенција за пронаоѓање на надворешни лица при преглед на стоки за мониторинг на стоки со двојна употреба, следење на цените, следење на бродови, како и скрининг на трговски партнери, ќе биде клучна област на фокус и развој.

2. eKYC: Во 2019/2020 година, земјите се веќе многу напредни во мобилните и дигиталните плаќања. Развиени се нови технологии за криминалците да се справат со eKYC (различно од стандардниот KYC, се елиминира потребата за пополнување физички форми и физички документи. Основна цел на eKYC е да се регистрира клиентот со најмалку количество хартија и во најкус можен рок), така што деловните активности преку Интернет клиентите можат да ги прескокнат на начин што ќе биде точен и удобен. Ова е движечка иновација и бара интерес за нови форми на лична карта и биометриска верификација. Обезбедувањето на овој предизвик ќе биде особено важно во земјите каде што има сеопфатната употреба на мобилни и дигитални плаќања.

3. Вештачка интелегенција (AI) во АМЛ: Вештачкатa интелегенција е долго дискутирана тема. Во наредниот период ќе се води трка кај финансиските институции да може материјално да ја применат и да ја операционализираат. Исто така, постои голем притисок да се осигура дека имплементацијата користи „објаснета“ вештачка интелегенција, така што финансиските институции да можат да им објаснат на регулаторите и на другите зошто одредени случаи биле обележани или можеби пропуштени. Вештачката интелигенција и нејзината голема вредност ќе допринесат во намалување на бројот на лажни позитиви и подобро откривање на финансискиот криминал бидејќи сетовите на податоци растат и стануваат посложени.

4. FRAML (fraud and AML): Организираниот финансиски криминал е тековен проблем. Постои реална потреба да ги споиме вештините, технологијата, тимовите и организациите распоредени преку измама и усогласеност. Во 2019/2020 година, финансиските институции кои развиваат комбинирана перспектива – АМЛ + измама, ќе бидат оние кои се во можност да се разликуваат и да останат пред конкуренцијата.

Во периодот што следи, регулаторите мора да прават што порелевантно законодавство а финансиските институции да се насочат кон спроведување на подобри технологии за да можат да останат во чекор со криминалците.

Христијан Блажовски

Колумни

Криминалците ја користат кризата Covid-19 за финансиски криминали

Објавено

на

Пандемијата COVID-19 доведе до невидени глобални предизвици, човечко страдање и економско нарушување. Огромен број на канцелариски работници на глобално ниво може да работат од дома, вклучително и до 90% од банкарските и осигурителните работници. Повеќето од овие вработени се најавуваат на системите на нивните фирми од далечина, присуствуваат на состаноци користејќи ја технологијата, и имаат пристап до податоци кои што не се јавни преку Интернет – понекогаш преку домашни компјутери и приватни уреди. Бидејќи клиентите на повеќето финансиски институции, исто така, остануваат дома, вршењето финансиски трансакции преку Интернет станува не само погодност, туку и неопходност. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

“Кешот” останува крал за перење пари

Објавено

на

Речиси сите криминални активности даваат профит, честопати во готовина. Затоа криминалците бараат начини истите да се перат преку најразлични начини. Ова се спроведува од страна на транснационални групи на организиран криминал, без оглед на нивното етничко потекло или географската локација. Активностите за перење пари се толку раширени од релативно едноставна причина: Организираниот криминал е деловна активност која работи за финансиска корист. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

НЕДЕЛА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА: Дигитална трансформација – прашање на избор или фундаментална деловна стратегија

Објавено

на

Последната деценија докажа дека дигиталната трансформација е неопходност за едни, комерцијално привлечна за други – но во секој случај предизвикувачка за сите. Имајќи го ова во предвид, што мислите, што ја прави транзицијата полесна за некои компании од останатите? (more…)

Продолжи со читање

Популарно