Connect with us

Компании

Тесла ќе гради фабрика во Германија

Објавено

на

Американскиoт производител на електрични автомобили „Тесла“ има намера да изгради голем производствен објект во Германија, велат извори за „Волстрит Џурнал“.

Властите во покраините Рејнланд-Пфалц и Сарланд веќе ги обавиле првите разговори со компанијата, па уште сега важат за сериозен кандидат за битен нејзин огранок воо Европа, по Франција.

И извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск на Твитер најави дека крајниот запад на Германија е „посакуван избор” за нивната филијала во Европа, токму ппоради блискоста до германско-француската граница, и до Белгија, и Холандија.

Разговорите ќе се фокусираат на производство на автомобили, но и на автомобилски батерии.

„Тесла“, освен во Европа, има планови и за проширување во Кина.

Компании

Саудискиот државен инвестициски фонд со интерес за Tesla

Објавено

на

Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија (PIF) понуди план со кој би бил дел од инвестициската група која ќе ја приватизира Tesla.

Имено мистериозните 70 милијарди долари, кои Илон Маск ги понуди за да ги откупи акциите на Tesla Motors и да ја „тргне“ компанијата од берзата, по се ќе биде обезбедени обезбедени од Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија. Ова го потврди самиот претприемач во изјавата објавена на официјалниот сајт на производителот. Милијардерот откри дека Саудијците му понудиле да ги купат акциите на Tesla за две години и ветиле дека ќе го финансираат ако се согласи. Маск го објаснува интересот на Арапите за електромобилите, поради желбите и потребата да се намали зависноста на кралството од нафтата.

Последната средба меѓу Маск и претставниците на Саудиска Арабија се одржала на 31 јули. Тоа го потврди уверувањето на претприемачот дека договорот може да се одвива и само треба процесот да започне. Тоа беше фактот што му даде храброст да зборува за „обезбедено финансирање” во неговите најави за преземање на Tesla од берзата минатата недела.

Членовите на одборот на Tesla се подготвуваат да се сретнат со своите финансиски советници оваа недела, за да го оценат предлогот на Мaск.

Продолжи со читање

Компании

Facebook ќе покажува финансиски информации за корисниците во Messenger

Објавено

на

Facebook започна преговори со претставници на најголемите банки и финансиски институции. Идејата е да се испита можноста за интегрирање на нивните услуги во апликацијата Messenger. Компанијата сака да има пристап до податоци за трансакции со кредитна картичка и да го следи билансот на тековната сметка. Информациите ќе се користат во различни функции на Facebook Messenger за да обезбедат податоци за билансот, како и сомнителни активности или предупредувања за измама.

Facebook Messenger во моментов има пристап до финансиски информации од одредени компании за да ги олесни услугите како што се услуги за разговор со клиенти или функции за управување со сметки. Необичен факт е тоа што со договарање на правилата за користење на мобилната апликација, вие дозволувате Facebook Messenger да добие слични податоци, објави CNBC. Плановите на компанијата предвидуваат корисници во реално време да ги видат промените на сметките и извршувањето на разни трансакции.

Поврзувањето на повеќе сметки во голема мера може да им олесни на луѓето и да заштеди време при логирањето во повеќе различни банкарски системи или да преземање на надворешен софтвер. Facebook верува дека повеќето корисници би сакале да го користат Messenger за пристап со претставник на банката, отколку да чекаат да бидат поврзани со нив на телефон. Разговорите меѓу Facebook и финансиските институции се во почетна фаза и допрва се очекуваат повеќе разговори.

Продолжи со читање

Компании

Berkshire со готовина од 111 милијарди долари

Објавено

на

Компанијата управувана од еден од најбогатите луѓе на светот, Ворен Бафет, „Berkshire Hathaway Inc.“ објави дека профитот во вториот квартал од 2018-та година се зголеми за 67% во однос на претходната година.  Железничката единица на холдинг-компанијата „BNSF“, како и добрите резултати на осигурителот „Geico“ се главната причина за добрите податоци.

Оперативната добивка на компанијата порасна до 6.89 милијарди долари или близу 4.190 долари по акција од класа А, во однос на 4,12 милијарди долари или 2.505 долари по акција за пред 12 месеци.

„Berkshire“ заврши на 30-ти јуни со слободни средства во вредност од 111,1 милијарди долари.

Книговодствената вредност на една акција на „Berkshire Hathaway“ се зголеми за 2,8% во првите шест месеци од годината и сега изнесува 217.677 долари, а последната трговија на акции од компанијата е извршена по цена од  304.671 долари по акција.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange