Connect with us

Криптовалути

Тесла продаде голем дел од биткоините кои ги поседуваше

Објавено

на

Компанијата на Илон Маск, „Tesla” објави дека продала поголем дел од своите биткоини. Производителот на електрични автомобили вели дека продал 75 проценти од најпознатата светска криптовалута во вредност од околу 2 милијарди долари на крајот на 2021 година.

Тие одлучија да продаваат бидејќи вредноста на криптовалутата падна за повеќе од 50 проценти оваа година, пренесува „BBC”. Сопственикот на „Tesla”, Илон Маск беше меѓу најистакнатите поборници на криптовалутите, а неговите изјави на социјалните мрежи честопати поттикнуваат значителна активност на крипто-пазарите.

Инвестицијата на „Tesla” од 1,5 милијарди долари во биткоин, откриена во февруари 2021 година, поттикна пораст на побарувачката за дигиталните пари. Неговата цена порасна на 70.000 долари минатата година и тоа беше највисокиот максимум пред да почне вредноста да опаѓа. Денес, еден биткоин се продава за околу 22.000 долари.

„Tesla” престана да прифаќа биткоин како средство за плаќање за своите автомобили минатата година, наведувајќи ја загриженоста за климатското влијание на енергетско интензивното ископување биткоин. Во тоа време, Маск на социјалните мрежи рече дека компанијата нема да го продаде биткоинот што го поседува. „Tesla нема да продава биткоини“, напиша Маск на „Twitter”.

Но, сега знаеме дека една година по тој твит, „Tesla” сепак го продала најголемиот дел од своите биткоини, па ова е уште едно неисполнето ветување на Илон Маск, пишува „BBC”.

Криптовалути

БИТКОИНОТ ЌЕ ДОСТИГНЕ ДО 100.000 ДОЛАРИ – Криптозимата заврши!?

Објавено

на

Најпознатата криптовалута биткоин би можела да достигне вредност од 100.000 долари до крајот на 2024 година. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

КРИПТОВАЛУТИТЕ СЕ ПОВТОРНО ИН – Биткоинот порасна за 40% во јануари!

Објавено

на

Големите инвеститори повторно почнаа да вложуваат во криптовалути по еден месец на масовен раст на биткоинот од 40 проценти во јануари оваа година. Инвеститорите забележаа прилив од над 117 милиони долари минатата недела, најголем неделен пораст од јули минатата година, според податоците на „CoinShares“. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Премиерот Ковачевски апелира: Да не се копаат криптовалути зашто тоа троши многу струја!

Објавено

на

Премиерот Димитар Ковачевски апелира да не се копаат крипто валути зашто потрошувачката на струја при овој процес е енормна. (more…)

Продолжи со читање

Популарно