Connect with us

Криптовалути

Тесла купи биткоини за 1,5 милијарди долари, па му донесе нова рекордна вредност на биткоинот!

Објавено

на

Компанијата „Tesla“, во сопственост на милијардерот и иноватор Илон Маск, преку известување доставено до СЕЦ, американската Комисија за хартии од вредност, објави дека купила биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари.

Компанијата објави дека размислува да ги воведе биткоинот како платежно средство со кое ќе можат да се купуваат Тесла автомобилите. Со ова компанијата на Маск е првиот производител на автомобили што ќе прима биткони.

Оваа вест придонесе за скок на вредноста на најпознатата криптовалута за 17%, односно до рекордни 44.220 долари.

Ова следува неколку дена откако Илон Маск го додаде хаштагот биткоин на својот профил на “Твитер”. Тој продолжи да зборува и за други криптовалути, како догекоин и индиректно ја поттикна јавноста да ги купува и така им ја зголеми цената. Вредноста на догекоин набргу потоа порасна за неверојатни 50%.

„Tesla“ во известувањето испратено до СЕЦ ги предупреди своите инвеститори за нестабилноста на цената на биткоинот, наведува „CNBC”.

Криптовалути

Која е причината за високиот пад на вредноста на биткоинот?

Објавено

на

Цената на Биткоин падна за дури 15 проценти во неделата откако пред само неколку дена постигнa нова рекордна вредност од 65.000 долари. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

НБА гигант ќе исплаќа плати во биткоини

Објавено

на

Играчите и тренерите на НБА кошаркарскиот тим, Сакраменто Кингс ќе можат да ги примаат своите плати во биткоини, објави сопственикот на клубот. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Пазарната капитализација на криптовалутите се ближи до рекордни 2 трилиони долари

Објавено

на

Пазарната капитализација на сите криптовалути денес за прв пат се приближи на нивото од рекорни два трилиони (2.000 милијарди) долари. (more…)

Продолжи со читање




Популарно