Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

Теодулос Скордис си поднесе оставка од Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Генералниот директор за корпоративно банкарство и член на Управниот одбор на Стопанска банка АД-  Скопје, г-дин Теодулос Скордис си поднесе оставка и замина од Банката. Оваа информација беше соопштена денес од страна на банката преку соопштение на Македонска берза.

Соопштението не изобилува со детали, односно во него не се наведени причините поради кои Скордис ја поднел оставката. Исто така, во соопштението не се наведени податоци за евентуалната замена.

Скордис во Стопанска банка Скопје е од 2009 година каде што прво е директор за кредитен ризик, а од 2010 година е генерален директор за корпоративно работење.

 

 

 

 

 

 

 

Повеќе за ТЕОДУЛОС СКОРДИС:

Магистратура по економија, (Применета економетрика) Лондонски универзитет – Биркбек Колеџ (1981-83год.)

СЕМИНАРИ И ОБУКА

Систем за финансиско управување (FAMAS), Ернст & Јанг 1989 година

Кредитна анализа, Обука на Euromoney 1991 година

Управување и стратегии за корпоративно финансирање, Беркли Универзитет, Калифорнија, 1994 година

Управување со девизен и кредитен ризик, Универзитет Пиреа, 1995 година

Синдикални кредити, Обука на Euromoney, 1999 година

СЕГАШНО РАБОТНО МЕСТО

2010 – Стопанска банка АД – Скопје, Генерален директор за корпоративно работење

РАБОТНО ИСКУСТВО:

1984 – досега Национална банка на Грција

2009-2010, Стопанска банка АД – Скопје, Сектор за изготвување на кредитни предлози, Директор за кредитен ризик

2006-2009, Стопанска банка АД – Скопје, Директор на Сектор за кредитирање

2004-2006, НБГ, Бизнис Центар A2 (Големи компании), Директор за односи со клиенти

1999- 2004, НБГ, Бизнис Центар A2 (Големи компании), Советник за изготвување на кредитни предлози

1986-1999, НБГ, Сектор за физибилити студија во регионалната администрација на Северна Грција-Виш аналитичар

1984-1986, НБГ, Филијала Неапол 224, Помлад референт

1983-1985, Центар за планирање и економско истражување, Атина (ЦПЕИ), како економски експерт за креирање и воведување на макро економетриски модел за краткорочни цели на економската политика, во рамките на потребите на ММФ и ОЕСР.

ОСТАНАТИ АКТИВНОСТИ

1992-2005, Инструктор во Секторот за обука и образование на НБГ по курсевите:

– Кредитни / финансиски анализи,

– Монетарен систем,

– Применети кредитни практики

2009 – Меѓународен совет на инвеститори, Скопје, Асоцијација на странски инвеститори, член на УО.

Домашни банки

Комерцијална банка АД Скопје, Генерален покровител на концертот на Златко Ориѓански и Бени Шакири

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје е Генерален покровител на концертот на Златко Ориѓански и Бени Шакири, кој ќе се одржи на 20-ти април во Македонската Филхармонија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Крадците украле 150.000 евра од филијалата на НЛБ Банка во Чаир

Објавено

на

По вчерашниот вооружен грабеж што се случи во 10:36 часот во експозитурата на НЛБ Банка во Чаир, Банката ја информира јавноста дека клиентите и вработените на Банката се безбедни и во добра состојба. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Потрошувачки кредит за сите ваши желби од Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје од 16.04.2019 година започнува со понуда на најповолни готовински кредити со ЕУР клаузула до 30.000 евра без жиранти, со фиксна годишна каматна стапка од 4.9% за првите две години. (more…)

Продолжи со читање
project

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange