Connect with us

Останато

Тензиите на Блискиот исток ја вивнаа цената на златото на највисоко ниво од 2013 година

Објавено

на

Затегнувањето на тензиите на Блискиот исток ја вивна цената на златото на светските берзи на највисоко ниво во последниве седум години поточно од 2013 година.

Златото, инаку се смета за безбедно засолниште за инвеститорите, дури и во време на политички и економски превирања, скокна за околу 1,5 проценти на 1.579 долари за унца, што е највисока цена од април 2013 година. Нервозата на пазарот продолжи да расте, а следствено на тоа растеше и цената на златото, па така една унца се искачи на вредност од над 1.600 долари, според најновите податоци.

„Златото во моментов остварува одредени придобивки бидејќи одмаздата не се сметаше за агресивна. Како сега ќе се движат цените на златото е насочено кон она што го кажува американскиот претседател Доналд Трамп“, изјави аналитичарот на Sako bank, Оле Хансен.

Истовремено, уште еден скапоцен метал, паладиумот, започна да ја менува својата цена. За само два дена, неговата цена скокна од 2.011 долари за унца на 2.097 долари.

Инаку, златото се смета за добра и безбедна инвестиција. Граѓаните исто така, можат да тргуваат со овој скапоцен метал. За разлика од парите, кај златото нема инфлација. Неговата цена, сепак, е варијабилна, но порано или подоцна секогаш се враќа на претходното највисоко ниво.

Цената на златото низ историјата многу се менувала. Највисокиот двоцифрен раст на златото е забележан на 10 септември 1980 година. Потоа, унцата чинеше 686,5 долари на берзата. Тоа е околу 2,5 пати помалку отколку денес.

Осигурување

Приливи од над 18 милиони денари во пензиските фондови Сава пензиски фонд и Сава пензија плус

Објавено

на

Сава пензиско друштво а.д. Скопје инвестирајќи ги пензиските заштеди на членовите акумулирани во пензиските фондови Сава пензиски фонд и Сава пензија плус, остварува приливи по основ на камати и дивиденди во пензиските фондови. На овој начин расте вредноста на пензиските заштеди и се обезбедува соодветна пензија за членовите. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Раст на буџетските приходи за првпат од почетокот на корона кризата

Објавено

на

Во јули се забележува прв месечен раст на приходите во буџетот од почетокот на КОВИД-19 кризата, со месечен раст од 1,4% во однос на лани. Ова се должи на растот на придонесите, но и на повеќе видови даноци. По реализацијата во јуни која бележеше значително подобра наплата на приходите од април и мај, по олабавување на рестрикциите и реотварање на економијата, резултатите за јули укажуваат дека ревитализацијата на економијата се одвива со добра динамика. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Microsoft ќе го преземе кинески TikTok до средината на септември

Објавено

на

Американската технолошка компанија „Microsoft” потврди дека е во преговори со кинеската компанија „ByteDance” за купување на нивната популарна социјална апликација „TikTok”. (more…)

Продолжи со читање

Популарно