Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Анализи

Телеком ќе дели 26 милиони евра дивиденда – Колку ќе се “офајдат” акционерите?

Објавено

на

Македонски Телеком ќе дели дивиденда од добивката остварена за 2018 година, која овој пат изнесува солидни околу 26 милиони евра. Телекомуникацискиот оператор на акционерите ќе им подели по 18,5 денари по акција. Во сопственичкиот удел на компанијата државата учествува со 34% од акциите со право на глас, a Камени Мост комуникации АД Скопје со 51%, додека пак малцинските акционери заклучно 31.12.2018 имаат удел од 2,7%.

Собранието на Македонски Телеком АД – Скопје, на својата годишна седница одржана на ден 09.05.2019 година, ја усвои Одлуката за исплата на дивиденда на Друштвото за 2018 година и утврдување на дивиденден календар. Согласно со Одлуката на Собранието, Македонски Телеком АД – Скопје ве информира за следново: “Дивидендата за 2018 година се утврдува во вкупен бруто износ од 1.596.062.214,00 денари или бруто износ од 18,50 денари по акција (заокружено на две децимали), во кој се вклучени сите даноци, каде што е применливо, и кои ќе бидат задржани и платени од бруто дивидендата согласно со важечката даночна регулатива во Република Северна Македонија на датумот на исплатата. Сите акционери кои се евидентирани во Книгата на акционери на Македонски Телеком АД – Скопје на 30.05.2019 година имаат право на дивиденда за 2018 година. Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2018 година беше 28.05.2019 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда за 2018 година беше 29.05.2019 година. Исплатата на дивидендата за 2018 година ќе се изврши на 26.09.2019 година” соопшти компанијата.

Македонски Телеком оваа година ќе исплати за нијанса поголема добивка. Лани акционерите поделија колач вреден 1,584 милијарди денари или околу 25,7 милиони евра или за околу 200 илјади евра помалку отколку за дивидендата издвоена за 2018 година. Лани поединечна акција доби исплата од 18,37 денари. Треба да се земат во предвид и даночните измени, па така годинава акционерите ќе платат и повисок данок на приход од дивиденда за 15% наместо 10%.

Анализи

Сите луѓе на министерката – Кој ќе ја советува првата финансиерка?

Објавено

на

Новата министерка за финансии Нина Ангеловска го откри тимот на советници и соработници со кои ќе соработува во текот на нејзиниот мандат. Веднаш стигнаа и првите реакции на дел од експертите кои се пожалија дека некои медиуми погрешно информирале за видот на нивниот ангажман. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Дали банките можат да ги “преживеат” негативните каматни стапки?

Објавено

на

Ширењето на неконвенционалните монетарни политики се заканува дека ќе постави опасни и непредвидливи повратни врски, сметаат финансиските аналитичари од САД кои одблиску ги следат негативните каматни стапки. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Како НЛБ Групацијата стигна до 100 милиони евра профит за само 6 месеци?

Објавено

на

НЛБ Групацијата на банки која стои и зад НЛБ Банка во Македонија, за првите шест месеци од годинава стигна до профит од речиси 100 милиони евра, што е одличен раст за нив споредено со истото полугодие лани. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange