Connect with us

Компании

Телеком продолжува да ја гради 5G мрежата низ Македонија

Објавено

на

Македонски Телеком продолжува да ја гради 5G мрежата на целата територија на Македонија. Во тек е интензивна работа на терен со партнерот Ериксон за замена на постоечката технологија со опрема од најновата генерација којашто ќе овозможи 5G услуги, поголем капацитет и подобро корисничко искуство.

Од август до сега, покриени се 11 градови во централниот и западниот дел на државата, а до крајот на годината ќе се покријат уште 2 во јужниот дел: Гевгелија и Дојран. Со планираните активности до крајот на годината, 20% од населението ќе биде покриено со опрема од најновата генерација, а до средината на наредната година поголемиот дел од населението во урбаните средини ќе има можност да користи 5G услуги. За модернизација на мрежата и овозможување 5G, компанијата инвестира над 45 милиони евра за наредните четири години.

Телеком ќе понуди 5G услуги со гигабитни брзини веднаш по добивањето на одобренијата за користење радиофреквенции од АЕК, што се очекува во првото тромесечје од 2022 година.

5G – сојузник против климатските промени

Големите брзини и капацитети на новата 5G мрежа ќе донесат револуција во корисничкото искуство и создавање досега невидени услуги и производи коишто ќе ни го поедностават животот во сите сфери.

Технологијата од петтата генерација, заедно со новите технологии: Интернет на нештата, Паметни сензори и Вештачка интелигенција, ќе овозможи рационално и ефикасно да ги користиме природните ресурси и енергијата, да го зачуваме биодиверзитетот, да го зголемиме производството на храна, да ја намалиме емисијата на штетни гасови и др. Овие технологии ќе бидат најсилната алатка во борбата против климатските промени.

Компании

Измени во составот на Надзорниот одбор на Триглав пензиско друштво АД Скопје

Објавено

на

Триглав пензиско друштво АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување на компанијата. (more…)

Продолжи со читање

Компании

ИутеКредит станува банка!? – Компанијата купи 10 отсто од акциите на EnergBank Молдавија

Објавено

на

Естонската финтек компанија ИутеКредит ги купи првите 9,976% од акциите на молдавската EnergBank, што е првиот чекор на компанијата кон станување банка. При трансакцијата на молдавската берза се купени 199.519 акции по цена од 170,44 леи по акција, со вкупна вредност од 1,7 милиони евра. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Apple е првата компанија чија пазарна капитализација надмина 3.000 милијарди евра

Објавено

на

Американскиот технолошки гигант „Apple“ објави дека стана првата компанија во историјата која достигнала пазарна капитализација од 3.000 милијарди долари. (more…)

Продолжи со читање

Популарно