Connect with us

Компании

Телеком воведува тарифи со неограничен интернет за прв пат на пазарот

Објавено

на

Македонски Телеком воведува тарифи со неограничен интернет како одговор на сè поголемата потреба од онлајн работа, забава и комуникација.

„Следејќи ги трендовите, навиките и потребите на корисниците во новото дигитално време, воведуваме тарифи со неограничен интернет. Наша стратешка определба е да ги поврземе корисниците секогаш и секаде и да им овозможиме непречена комуникација. Токму затоа, за прв пат на пазарот, ги претставуваме овие тарифи со неограничен интернет, кој може да се користи засекогаш“. – изјави Бранко Станчев, Главен комерцијален директор за приватни корисници.

Во Македонија, повеќе од 100.000 семејства користат Magenta 1, најдобриот пакет на интегрирани услуги, којшто постојано се надоградува и се прилагодува според очекувањата и потребите на корисниците. Со новата Magenta 1 Unlimited, оваа понуда добива дополнителна вредност и се очекува да биде најкористениот пакет на пазарот.

Нова и збогатена понуда со неограничен интернет добиваат и деловните корисници во Magenta 1 Business L.

Новогодишна промоција – неограничен мобилен интернет

Овие празници, најголем подарок е што сме повторно заедно. А за поголемо уживање и споделување на празничните моменти со најблиските, сите нови и постојни корисници на Magenta 1 M и Mobile M ќе можат да активираат неограничeн мобилен интернет за само 1 денар преку апликацијата TelekomMK и да го користат до 31 јануари 2022.

Дополнително, корисниците на новите тарифи Magenta 1 Unlimited и Mobile Unlimited можат да искористат и празничен бонус од 22.000 денари за нов смартфон или телевизор по одлична цена со Договор за Фамилијарен буџет.

Со празничната понуда, деловните корисници во Magenta 1 Business добиваат: неограничен интернет, цени намалени за 20% и атрактивен зголемен буџет.

Компании

Измени во составот на Надзорниот одбор на Триглав пензиско друштво АД Скопје

Објавено

на

Триглав пензиско друштво АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување на компанијата. (more…)

Продолжи со читање

Компании

ИутеКредит станува банка!? – Компанијата купи 10 отсто од акциите на EnergBank Молдавија

Објавено

на

Естонската финтек компанија ИутеКредит ги купи првите 9,976% од акциите на молдавската EnergBank, што е првиот чекор на компанијата кон станување банка. При трансакцијата на молдавската берза се купени 199.519 акции по цена од 170,44 леи по акција, со вкупна вредност од 1,7 милиони евра. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Apple е првата компанија чија пазарна капитализација надмина 3.000 милијарди евра

Објавено

на

Американскиот технолошки гигант „Apple“ објави дека стана првата компанија во историјата која достигнала пазарна капитализација од 3.000 милијарди долари. (more…)

Продолжи со читање

Популарно