Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Странски банки

Тевдовски: СБ ќе одобри 420 милиони долари за инфраструктурни проекти и вложување во човечки капитал

Објавено

на

Бордот на директори на Светска банка набргу ќе ја усвои Рамката за партнерство 2019-2023 со која на Република Северна Македонија и се ставаат на располагање 420 милиони долари. Тие се наменети за проекти во областа на инфраструктурата, пододобрување на климата за стопанисување и инвестирање во човечкиот капитал. Ова го истакна министерот за финансии Драган Тевдовски по средбата со директорката на Светска банка за Западен Балкан Линда Ван Гелдер, во рамки на Пролетните средби на ММФ и Светска банка.

“Ние очекуваме дека следниот месец, Светска банка на својот Борд ќе ја одобри стратегијата за соработка со нашата земја, со Северна Македонија за следниот период, каде што ќе бидат обезбедени 420 милиони долари со кои што ќе се финансира изградба на локални патишта, но и на различни начини ќе се вложува во подобрување на човечкиот капитал во нашата земја. Со тоа ќе се обезбеди подобрување на животниот стандард на граѓаните на Северна Македонија”, изјави Тевдовски.

Во рамки на овие проекти спаѓа Проектот за олеснување на трговија и транспорт за Западен Балкан во вредност од 26 милиони. Исто така, тука е проектот за изградба и рехабилитација на локални патишта во вредност од 70 милиони евра. Стратегијата го опфаќа и проектот за реформи во земјоделието за развизвање на дистрибутивни откупни центри, како и проекти за поддршка на реформи за развој на образованието и здравството и проектот за пензиска реформа.

Во рамки на Пролетните средби, делегацијата предводена од министерот за финансии Драган Тевдовски и гуверенрката на Народната банка Анита Ангеловска Бежоска ќе оствари повеќе средби со високи претставници на Светска банка, ММФ, ЕИБ и други финансиски институции.

Странски банки

Бундесбанк: Централните банки да внимаваат со дигиталните валути

Објавено

на

Гувернерот на централната банка на Германија, Јенс Видман истакна дека дигиталните валути издадени од централни банки во светот, можат да го дестабилизираат финансискиот систем и да ја влошат состојбата на банкарскиот бизнис. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Нов тим на Управниот одбор на Штаермеркише Шпаркасе

Објавено

на

Од денес, Штаермеркише Шпаркасе има нов тим во Управниот одбор. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

НЛБ Групацијата со резултати од првиот квартал од 2019 година: Оствари нето добивка од 57,9 милиони евра

Објавено

на

На својата 55 – та седница Надзорниот одбор на НЛБ д.д. ги разгледа резултатите на НЛБ Групацијата за првиот квартал од 2019 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange