Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Тевдовски: Прогресивниот данок дава ефекти!

Објавено

на

Министерот за финансии, Драган Тевдовски изрази задоволство од ефектите на прогресивното одданочување. Тој вели дека приходите од персоналецот за 5 месеци забележале пораст од 17,4%. Сите тврдења дека ќе се намали вработеноста, ќе се зголеми даночната евазија, ќе се намалат платите, според него се покажале како неточни.

„Економските резултати се исклучително добри од почетокот на годината, а како што предвидовме со средствата од праведното оданочување се поддржува социјалната реформа, односно обезбедување фер општество и праведен раст за сите. Од неделата започна исплатата на зголемената социјална помош согласно правата предвидени со новата социјална реформа. Над 25.000 домаќинства добија гарантиран минимален приход, што за поголемиот дел од нив значи надоместок зголемен за 100%”, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски.

Министерот Тевдовски нема бројки колку од нововработените во првиот квртал имаат високи примања кои би се даночеле со повисока стапка. Глaвно, според него е дека ефектот од новиот данок е позитивен.

Од нова година стапи на сила новиот персоналец кој за лицата со примања над 90.000 денари месечно изнесува 18%.

Останато

КД Фондови се ребрендираше во Генерали Инвестментс

Објавено

на

Друштвото за управување со инвестициски фондови КД Фондови се ребрендираше во Генерали Инвестментс. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Ангеловска: ММФ два пати ја зголемува проекцијата за раст на македонската економија, во услови кога ја намалува оценката за глобалната економија

Објавено

на

Во услови кога Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја намалува проекцијата за глобалниот раст, по втор пат годинава ја зголемува проекцијата за растот на македонската економија. Ова значи дека  изгледите за растот на македонската економија се добри, а уште побитно е дека зборуваме за раст кој се должи на добри резултати во сите економски сектори, рече во интервју за Гласот на Америка, министерката за финансии Нина Ангеловска, која учествува на Годишните средби на Светска банка  и ММФ во Вашингтон. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Ангеловска-МекДауел: ЕИБ ќе финансира околу 80 милиони евра за изградба на Пречистителна станица Скопје

Објавено

на

Со околу 80 милиони евра Европската инвестициска банка (ЕИБ) ќе влезе во финансирањето на Пречистителна станица за отпадни води Скопје. Од овие средства околку 10 милиони ќе бидат грант средства од ЕИБ. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange