Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Тевдовски: Првата транша евтини кредити од ЕИБ во износ од 15 милиони евра ќе им биде прфрлена на фирмите следната недела

Објавено

на

Првата транша во износ од 15 милиони евра евтини кредити за малите и средни претпријатија преку ЕИБ, ќе биде префрлена следната недела. Ова беше истакнато на средбата помеѓу министерот за финансии Драган Тевдовски и потпретседателот на Европската инвестициска банка Ендру Мекдовел во рамки на Пролетните средби на ММФ и Светска банка во Вашингтон.

Ова се првите средства од целосната кредитна линија за мали и средни претпријатија во износ од 100 милиони евра. Бордот ја има одобрено траншата од 15 милиони евра и истата треба да се повлече на 17-ти месецов, односно следната недела. Со ова ќе се поддржат инвестициите на 39 мали и средни фирми.” – изјави Тевдовски.

Речиси 90% од проектите во првата транша се долгорочни инвестиции. Најмногу се инвестира во деловни објекти, опрема и транспортни средства, а помалку во обртни средства. Ова значи и отворање на повеќе нови работни места.

Тевдовски посочи дека покрај евтината кредитна линија за мали и средни претпријатија  со ЕИБ се зборувало и за финансирање на третатата делница на пругата на Коридор VIII, односно до границата со Бугарија. Исто така се зборувало и за нови 50 милиони евра за проектот за изградба на водоводи и канализација.

Особено е значајна поддршката која ЕИБ ќе ја даде во енергетскиот сектор во земјава, односно гасно поврзување со Грција.” -рече Тевдовски.

Исто така, се очекува ЕИБ, заедно со ЕБОР да учествуваат во финансирање на Пречистителна Скопје.

Делегацијата предводена од министерот за финансии Драган Тевдовски и гувернерката Анита Ангеловска -Бежоска покрај ЕИБ, оствари средба и со  Пол Томпсен, директор на ММФ за Европа и Јасмин Рахман, шефот на мисијата на ММФ за земјава.

Криптовалути

Серена Вилијамс инвестира во криптовалути!?

Објавено

на

Една од најуспешните тенисерки на сите времиња, Серена Вилијамс на својот Инстаграм профил објави дека има инвестиција во берзата за криптовалути Coinbase. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Инфо ден за промоција на можности за финансирање на фирми

Објавено

на

Во Скопје денеска ќе се одржи Инфо ден за промоција на можности за финансирање во рамки на проектот Иновативен центар: компаративна предност за поголема конкурентност“. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Journey to Audit Challenges – Професионален едукативен настан во организација на Здружението на внатрешни ревизори и Институтот на овластени ревизори

Објавено

на

Во интерес на заедничката соработка и промоцијата на професиите интерна и екстерна ревизија, Здружението на внатрешни ревизори и Институтот на овластени ревизори организираа професионален едукативен настан со наслов The Journey to Audit Challenges/Во чекор со предизвиците на ревизијата, кој се одржа во хотелот „Холидеј Ин“. Настанот претставуваше исклучителна можност за професионално усовршување, дискусија за улогата на интерната и екстерната ревизија во заштитата на интересите на акционерите и заинтересираните страни, како и дискусија за квалитетот на финансиското известување и интерните контроли со претставниците на ревизорската професија, финансиската и деловната заедница и регулаторните институции. (more…)

Продолжи со читање
project

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange