Connect with us

Останато

Тевдовски: Од даночната реформа бенефит ќе имаат и граѓаните и стопанството

Објавено

на

Од даночната реформа бенефит ќе имаат и граѓаните, а понатаму и стопанството. Како што истакна министерот за финансии Драган Тевдовски на денешната средба со Стопанската комора на Македонија, најразвиените и просперитетни економии применуваат праведен даночен систем. Ова значи најдоходовните граѓани да вложат сразмерно повеќе пари во подобро здравство, образование и подобри јавни услуги.

– Нашата идеја е слична, да се побара поддршка од Комората за ова. Ако не правиме корективни мерки, децата можеби ќе имаат полоши услови од нивните родители. Со плата како министер не можам да обезбедам моите деца да одат во приватно училиште, а што е со огромниот број луѓе што имаат многу пониска плата од министерската. Тоа значи дека мора да воведеме праведно оданочување со цел идните генерации да имаат повисок животен стандард. Го слушнавме гласот на народот, на бизнисмените, затоа и прагот го зголемивме. Прогресивната стапка е поставена така што ќе опфаќа само еден процент од луѓето со највисок доход – рече Тевдовски.

Министерот Тевдовски истакна дека целта на владината реформа е правично оданочување како чекор напред кон градење поправедно општество, јакнење на јавното образование, јавното здравство, социјалата, обезбедување повисоки плати и зголемување на животниот стандард. Нагласи и дека никој не треба да има дилема околу трошењето на јавните пари, алудирајќи на дополнителните средства што би требало да се соберат од новата владина мерка.

По повод претставување на даночната реформа, Тевдoвски денес имаше средба со Стопанска комора на Македонија.

Останато

5 совети за шопинг на Black Friday!

Објавено

на

Додека шопингот на Black Friday може да изгледа како бурен и стресен процес, сакаме да ве известиме дека не мора да биде баш така. Добрата вест е дека ние направивме истражување и навистина го смаливме целиот процес во прилично компактен водич кој не само што може да се искористи на Black Friday, туку и навистина секој шопинг.

(more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Што е Ravencoin и зошто е важен во светот на криптовалутите?

Објавено

на

Единствената цел на Ravencoin е да овозможи трансфер на средства од една личност на друга преку блокчејн технологија. Ravencoin користи уникатен ASIC резистентен алгоритам наречен x16r. Ravencoin е отпорен на ASIC затоа што постојано го менува редоследот на алгоритмите на хаширање. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Остар пад на акциите на Волстрит

Објавено

на

Берзанските индекси на Волстрит вчера остро паднаа втор ден по ред, при што под најголем притисок беше енергетскиот сектор поради падот на цените на нафтата, а остро падна и трговскиот сектор поради слабите деловни резултати на неколку компании. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange