Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Тевдовски: Овозможивме европски камати за „Купи куќа, купи стан“

Објавено

на

Проектот „Купи куќа, купи стан“ никогаш не беше прекинат, но сега значително ги подобруваме условите под кои граѓаните, а најзначајно е намалувањето на каматната стапка.

Ова го наведува министерот за финансии Драган Тевдовски во интервју за „Вечер“.

“Најзначајно е намалувањето на каматната стапка, што е придонес на банките што го прифатија нашиот предлог. Така, кај моделот со кој се субвенционира ратата, каматната стапка се намалува од 3,95% на 2,9% за првите три години, а за четвртата и петтата година од 4,44% на 3,9%. Првпат во независна Македонија имаме станбени кредити со олку ниски каматни стапки, практично под три отсто, како во европските земји. Ако се земе предвид и субвенцијата каде што еден од моделите, што ја дава државата при отплата на кредитот за младите до 35 години, што до сега беше 50 отсто од ратата во првите пет години, а сега се предлага да биде 70%, ефективната каматна стапка е некаде 0,9 или еден процент”, вели министерот.

Тој додава дека значајно се намалуваат и каматите за моделот со кој се субвенционира учеството, од 4,5% плус шестмесечен Еурибор, на 4% плус шестмесечен Еурибор.

“Оваа камата ќе важи за целото времетраење на исплата на кредитот. Исто така, појдувајќи од позитивното искуство на Хрватска, за секое родено или посвоено дете во периодот на субвенцијата, продолжува субвенционирањето од страна на државата за дополнителна година. На пример, ако се родат две деца, субвенциите се продолжуваат за две дополнителни години. Има и други поволности и модели кои се разработени во предложените измени…”, истакнува министерот во интервјуто во кое ги наведува новите услоги, а кои очекува да бидат усвоени од страна на Собранието до крајот на овој месец.

Останато

ССК: Прв центар за медијација по европски модел

Објавено

на

Во Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) отворен е првиот Центар за медијација, по примерот на европските и земјите во светот, каде во рамки на коморите, функционираат Центри за медијација, со цел промовирање на принципот за пристап до правда за сите,  како и исполнувањето на меѓународните стандарди, беше истакнато на денешната прес конференција на Сојузот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Граѓаните досега скенирале скоро 3 милиони фискални сметки во вредност од 1,5 милијарди денари

Објавено

на

Од почетокот на месецов, граѓаните имаат можност да побараат поврат на 15% од платениот Данок на додадена вредност (ДДВ) преку примената на владиниот проект „Мој ДДВ“. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Услугите на Тиго Фајнaнс отсега уште подостапни за жителите на Гевгелија

Објавено

на

Со цел да биде уште поблиску до своите клиенти и да обезбеди врвно корисничко искуство во секој контакт со клиентите, Тиго Фајнанс ја проширува својата продажна мрежа, отворајќи ја денес новата, 18-та по ред филијала, во Гевгелија. Филијалата е лоцирана на ул. Слободан Митров-Данко бр.87. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange