Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Тевдовски: Оваа мерка е за граѓаните, не за претпријатија кои работат со фактури и сметкопотврди

Објавено

на

Министерот за финансии, Драган Тевдовски заедно со премиерот Зоран Заев и директорката на УЈП, Сања Лукаревска, денеска го најавија стартот на долгонајавуваниот проект за поврат на 15 отсто од ДДВ кај граѓаните којшто ќе стартува од 1 јули.

Првата исплата на средствата ќе биде на трансакциските сметки на граѓаните во декември.

Тевдовски рече дека фискалните сметки треба да бидат скенирани со мобилните телефони најдоцна до 10 дена од издавањето на фискалната сметка. Фискалната сметка која ќе се скенира со апликацијата од мобилниот телефон може да биде најголема до 30.000 денари.

„Услов е секој да има трансакциска сметка на свое име ако сака лично да ги добие парите. Скенирањето треба да се направи најмногу 10 дена од издавањето на сметката. За ранливите групи има и алтернативни начини. Апликацијата ќе важи за сите граќани над 15 години. Доколку граѓаните немаат можност сами, од еден мобилен може да се користат повеќе профили, затоа обратете се кај најблиските. Во декември 2019 ќе биде првата исплата парите на сметките. Најмногу 28.800 денари годишно ќе може да добие четиричлено домаќинство. Тоа е ограничувањето. Односно еден до двата проценти најбогати нема да бидат неограничени. Апликацијата самата веднаш покажува дека сметката е прифатена. Ова важи само за граѓани, а не за претпријатија кои работат со фактури и сметкопотврди“, истакна Тевдовски.

Останато

Услугите на Тиго Фајнaнс отсега уште подостапни за жителите на Гевгелија

Објавено

на

Со цел да биде уште поблиску до своите клиенти и да обезбеди врвно корисничко искуство во секој контакт со клиентите, Тиго Фајнанс ја проширува својата продажна мрежа, отворајќи ја денес новата, 18-та по ред филијала, во Гевгелија. Филијалата е лоцирана на ул. Слободан Митров-Данко бр.87. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Фирмите добија 196 милиони евра поврат на ДДВ во првото полугодие, за 20% повеќе од лани

Објавено

на

Преку 12 милијарди денари или 196 милиони евра се инјектирани во стопанството во првата половина од годинава, преку редовен и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите. Согласно податоците на Министерството за финансии повратот на ДДВ кон фирмите заклучно јуни е поголем за околу 20% во однос на истиот период лани или за скоро 2 милијарди денари. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Започнува со работа фондот за школување и вработување на БЕФ

Објавено

на

Balkan Economic Forum (БЕФ) во соработка со веб-академијата Еверест и со финансиска поддршка на Sparkasse, го објави денес својот прв јавен повик за кофинансирање стручни студии во област на веб-развојот.  (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange