Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Тевдовски: Бесплатни банкарски сметки за ранливите категории

Објавено

на

Бесплатни банкарски сметки за ранливите категории е предвидено во работната верзија на Законот за платежни услуги и платни системи што го подготвува Министерството за финансии во соработка со Народна банка, најави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски на потпишување на Меморандум за финансиска инклузија.

“Работната верзија предвидува сметката со основни функции да биде бесплатна за ранливите категории, односно по закон ќе добијат бесплатни услуги за отворање, водење сметка, уплати и исплати. За останатите потрошувачи, платежната сметка со основни функции ќе биде со разумен надоместок. Ќе напоменам, дека за да се отвори сметката, граѓаните не треба да поседуваат друга сметка со основни функции на свое име, како и дека на оваа сметка нема да можат да одат во минус”, изјави министерот за финансии Тевдовски.

Исто така, се воведуваат решенија во Законот за платежни услуги и платни системи, што ќе доведат до либерализација на пазарот на платежни услуги. Ова ќе придонесе за засилена конкуренција и нови, иновативни начини на плаќање, лесно достапни и со помали трошоци, рече Тевдовски.

Тевдовски посочи дека ова е првиот чекор кон поголема финансиска инклузија, што предвидува сите да имаат пристап до финансиски услуги и тоа на лесно достапен, безбеден начин и под прифатливи цени.

“Придобивките од финансиската инклузија се повисок раст на БДП и помала доходовна нееднаквост. Анализите на Меѓународниот монетарен фонд покажуваат дека преку обезбедување на пристап до сметки, кредити, за жените, за ранливите категории, се овозможува побрз и поинклузивен економски раст. Друга придобивка од финансиската инклузија е дека таа привлекува повеќе луѓе во формалниот сектор, што во фискалниот дел значи повеќе приходи во буџетот. Повеќе приходи во буџетот пак значат подобро здравство, образование, инфраструктура и други јавни услуги”, рече Тевдовски.

Финансиската едукација е исто така значаен инпут во финансиската инклузија, рече министерот за финансии. Тој ги повика заинтересирани училишта кои би сакале да организираат посети за учениците на Министерството за финансии или да им се организираат предавања во училиштата, да се пријават на маилот edukacija@finance.gov.mk.

Останато

ССК: Прв центар за медијација по европски модел

Објавено

на

Во Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) отворен е првиот Центар за медијација, по примерот на европските и земјите во светот, каде во рамки на коморите, функционираат Центри за медијација, со цел промовирање на принципот за пристап до правда за сите,  како и исполнувањето на меѓународните стандарди, беше истакнато на денешната прес конференција на Сојузот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Граѓаните досега скенирале скоро 3 милиони фискални сметки во вредност од 1,5 милијарди денари

Објавено

на

Од почетокот на месецов, граѓаните имаат можност да побараат поврат на 15% од платениот Данок на додадена вредност (ДДВ) преку примената на владиниот проект „Мој ДДВ“. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Услугите на Тиго Фајнaнс отсега уште подостапни за жителите на Гевгелија

Објавено

на

Со цел да биде уште поблиску до своите клиенти и да обезбеди врвно корисничко искуство во секој контакт со клиентите, Тиго Фајнанс ја проширува својата продажна мрежа, отворајќи ја денес новата, 18-та по ред филијала, во Гевгелија. Филијалата е лоцирана на ул. Слободан Митров-Данко бр.87. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange