Connect with us

Останато

Театар: Како да се ограби банка?

Објавено

на

Парите го вртат светот. А што би правеле кога тие не би биле дел од нашиот живот и нашето секојдневие? Што би правеле кога ќе го допрете дното во општеството и кога единствената мисла со која ќе се будите наутро е “како да го наполнам својот стомак”? Одговорот на ова прашање е многу едноставен. Ајде да ограбиме банка. Овие први инстиктивни мисли кои си играат во нашата глава, овој пат ќе станат вистина. 

Снаодливоста е главната особина на фамилијата Кепевски! Сите членови имаат некој свој личен проблем и секој од нив со него постапува многу наивно. Главата во семејството и човекот кој ја има диригентската палка е “големиот ум”, Раде Кепевски. Овој човек нема материјални средства да ја преживее неделата, но тоа не го спречува да ја следи својата страст за измислување нови изуми, убедувајќи ги притоа сите, дека тие се корисни во нивното секојдневие. Во недостиг на материјал тој ја користи целата покуќнина за своите глупости.

Оваа претстава зборува за комичноста на луѓето кои ќе се најдат во комплицирани ситуации. Соочувањето со проблемите на нашите „херои“, е многу различно од односот и пристапот на повеќето луѓе кои чекорат на земјата. Според начинот на размислување и постапките на ликовите, многумина би рекле дека тие се луди!

Но, кои сме ние да им судиме на луѓето? Што е навистина лудило и нели тоа се граничеше со генијалност? Дали денес сите ние не сме ли луди на еден или друг начин? Мисијата на фамилијата Кепече да се ограби банка, е многу слична на детската мисија, да се гради куќа на дрво. На прв поглед изгледа многу едноставно, но по пат излегуваат многу непланирани проблеми.

Претставате ќе се игра во Драмски театар а карти може да се купат на следниот линк.

Останато

Извештајот „Doing Business 2019“ на Светска банка на денешната редовна владина седница

Објавено

на

На предлог на Министерството за финансии, на денешната редовна 102-ра седница Владата на Република Македонија ќе го разгледа предлог – законот за изменување и дополнување на законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Трансакции со криптовалути во споредба со Visa и Paypal

Објавено

на

Сопствениците на “паричникот” со криптовалути често се согласуваат дека нивните мрежни трансакции се побрзи од главните начини на плаќање, како што се Visa или Paypal. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Биткоин – валута на иднината

Објавено

на

Луѓето се занимаваат со трговија за да разменуваат стоки и услуги во текот на вековитe. Овие размени не секогаш вклучуваа парични плаќања. Имаше време кога стандардните пари дури и не постоеја и луѓето користеа други форми на исплата за вршење трансакции. Со развојот на технологијата, пари и плаќања драстично се сменија. Тековната технологија за обработка на кредитна картичка и напредните деловни решенија овозможуваат финансиски трансакции во речиси секое време и практично на кое било место. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange