Connect with us

Депозити

Твојот депозит ќе добие премиум третман во Халкбанк

Објавено

на

Искористете ги атрактивните каматни стапки со новиот промотивен производ на Халкбанк АД Скопје .

  • Минимален износ на вложување : 3.000 МКД /50 ЕУР
  • Начин на исплата на камата: на крај на период на орочување или месечно
  • Тип на каматна стапка: фиксна ,
  • Рок на орочување: 13 и 24 месеци
  • Метод на пресметката на камата:  пропорционален (28/31-365/366)
  • Реорочување: При доспевање депозитот не се реорочува односно согласно договорот
  • Делумно повлекување на средствата: не е дозволено  пред истекот на периодот на орочување
  • Дополнителни уплати: На депозитот не може да се вршат дополнителни уплати пред истекот на датумот на доспевање
  • Предвремено раскинување: при предвремено раскинување на договорот на депозитот се пресметува камата по видување според тарифата на Банката, за целото време во кое средствата биле орочени. При тоа, депонент е должен да ја врати на Банката разликата меѓу исплатената и новопресметаната камата, или Банката истата ќе ја одбие од основниот влог.

Промените на депозитите можете во секое време да ги следите преку електронско банкарство.

Доколку сѐ уште немате трансакциска сметка посетете ја најблиската филијала/експозитура на Халкбанк АД Скопје и бидете дел од семејството.

 

Депозити

ТТК Банка ги намали каматните стапки на девизните депозити

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје од вчера ги намали каматните стапки на девизните депозити на физички лица во евра до 0,30 процентни поени. Како што стои во соопштението од банката, потегот е во согласност со пазарните услови, а новите каматни стапки ќе важат за сите постојни и новосклучени договори за депозити.

Што се однесува до постојните договори за депозити со фиксна каматна стапка, новата каматна стапка ќе се применува на датумот на реорочување на договорот.

Инаку, каматните стапки се објавени кај секој депозитен производ на интернет-страницата на ТТК Банка АД Скопје, како и на огласните табли во експозитурите и филијалите.

Промотивната понуда на девизниот депозит ЕВРО ФИКС 15 за штедење во евра на 15 месеци со фиксна каматна стапка од 1,3% годишно е со важност до 30.9.2018 година.

Продолжи со читање

Депозити

Штеди и уживај во сите сезони со летниот депозит на Капитал Банка

Објавено

на

Капитал Банка го промовираше својот Летен депозит под наслов Штеди и уживај во сите сезони! (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Промотивен девизен депозит ЕВРО ФИКС 15

Објавено

на

Искористете ја најновата промотивна понуда на девизен депозит ЕВРО ФИКС 15 за физички лица со атрактивна ФИКСНА каматна стапка за штедење во евра на 15 месеци.

ЕВРО ФИКС 15 депозитот ви нуди фиксна каматна стапка од 1,3% годишно, со можност за месечна исплата или припис на камата.

Валута:  Евро.

Период на орочување: 15 месеци.

Каматна стапка: 1,3% годишна фиксна каматна стапка

Пресметка на камата: Пресметката на каматата на средствата се врши месечно по пропорционална метода со месечна исплата или припис. Датумот на месечното достасување на каматата се одредува според датумот на орочување на секој поединечен влог.

Корисници: Домашни деловноспособни лица, малолетни лица и лица без деловна способност со законски застапник и странски физички лица; Полнолетно деловно способно лице – лично; Полнолетно лице без деловна способност со законски застапник; Малолетно лице со родител, деловно способно лице, како законски застапник.

Потребни документи

  • Документ за идентификација (важечка лична карта или пасош) за физички лица;
  • Кај малолетни лица при отворање на штедниот влог треба да се достави извод од матична книга на родените;

За повеќе информации проверете тука.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange