Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Интервјуа

Тања Димоски: Навиките за штедење се стекнуваат од најмали нозе, а со Детско – Винко можете да обезбедите сигурна иднина за Вашето дете

Објавено

на

Осигурителната компанија Winner Life која е дел од групацијата Vienna Insurance Group на македонскиот пазар нуди широк избор на осигурителни производи што овозможуваат секој клиент да добие животно осигурување што најмногу одговара на неговите потреби.

Kако дел од оваа моќна осигурителна групација, Winner Life се придржува до строгите и прецизни австриски деловни принципи, што станува главно обележје на компанијата и причина сè поголем број на клиенти да ја подарат својата доверба.

Детско – Винко од Winner Life е детско штедно осигурување со чија помош родителите имаат можност да ја заштититат иднината на своите најмили и притоа да им обезбедат сигурност за успешен почеток во животот! Винко е наменет пред се за осигурување на најмладите со фокус на штедната компонента, обезбедувајќи уникатни поволности вклучени во производот.

Децата кои имаат Винко полиса за животно осигурување, веќе по завршување на основното образование добиваат вреден подарок-дел од осигурената сума, иако осигурителната полиса сеуште има важност.

Покрај тоа, освен што со овој производ се осигурани децата, осигурителната компонента вклучува осигурување на родителите со што дополнително детето се заштитува и финансиски обезбедува во случај на некој немил настан.

Тања Димоски е тим менаџер во Winner Life со четиригодишно искуство во осигурителниот сектор. Тања е еден од најновите членови во семејството на Winner Life и е дел од продажниот тим на оваа компанија од јуни оваа година.

Поразговаравме со Тања за придобивките од Детско – Винко со кое родителите на своите најмили им обезбедуваат поддршка за полесно зачекорување во самостојниот живот.

Банкарство: Детското Винко штедно осигурување е најновиот од широката палета на производи на Винер Лајф, но и многу атрактивен производ. Која е суштинската разлика на овој производ со класично детско штедење во банка, освен што во овој случај детето е заштитено со полисата за животно осигурување?

Тања Димоски: Детското штедно осигурување или популарниот производ наречен Винко е еден од поатрактивните производи на нашата осигурителна куќа. Она што е специфично во однос на банковното штедење е секако осигурувањето на детенцето како корисник, но и осигурителна заштита и за родителите како дел од сентименталноста вметната во приказната осигурување.

Меѓутоа, кога станува збор за банка и штедење, неминовен е и финансискиот бенефит кој е поткрепен со одредена препишана добивка, која низ текот на годините на траење на самото осигурување достигнува сериозна сума. Секако треба да се спомене дека како за сите производи на Винер Лајф така и за Винко, важат истите услови во однос на заштита на средствата кои се реосигурани и со девизна клаузула.

Банкарство: Навиките за штедење се стекнуваат уште од најмали нозе. Дали сметате дека овој производ со оглед дека е наменет за најмладата популација може да влијае врз навиките на децата за финансиска одговорност и стабилност во иднина?

Тања Димоски: Секако. Сите во одреден период на животот сме се соочиле со “касичката” и задоволството кое следи по отварање на истата после одреден период на штедење без разлика на сумата која е заштедена.

Детското штедење и Винко во секој случај ќе го зголемат задоволството бидејќи периодот на отварање на “касичката” ќе биде на сериозна возраст на детенцето и со самото тоа што низ текот на годините средствата што влегуваат во ваков начин на штедење ќе ја имаат вистинската вредност и намена.

Банкарство: По што се разликува Детско Винко од преостанатите производи за детско осигурување кои ги нудат другите компании за животно осигурување?

Тања Димоски: Како што напоменав, освен штедењето како примарна секвенца, осигурителната компонента која вклучува осигурување од повреди и болести, осигурувањето на родителот, флексибилноста во однос на години на траење на самото осигурување, можноста да се прави промена на начин на уплата, динамика на плаќање, можност да се врши уплата на средства со месечен начин на уплата со помал надомест во однос на другите компании кои го нудат детското осигурување како производ.

Банкарство: Заштитниот знак по кој е препознатлив овој производ е бувчето Винко. Зошто баш бувчето беше избор за заштитен знак на овој производ, каква е поврзаноста на оваа интересна птица со финансиите, заштедата и осигурувањето?

Тања Димоски: Она што е интересно е дека бувот како карактер е поим за мудрост. Не случајно е избран за заштитен знак на Винко, бидејќи искуството и животната мудрост си носат со себе период во животот во кој не постои простор за носење на непромислени одлуки во однос на финансиската иднина особено за нашите најмили.

За жал, живееме во такво време во кое нема простор да се размислува надвор од текот на нештата. Со Винко на Винер Лајф ја имаме алатката да истите се поедностават на мудар начин и да се обезбеди финансиска иднина без дополнителен финансиски терет.

Банкарство: Ризиците се секако составен дел од секоја полиса за животно осигурување. Кај одредени производи и кај некои клиенти тие ризици се поголеми, но кај овој производ ризикот е минимален, бидејќи се работи за деца. Која е најголемата придобивка од овој производ како за децата, така и за родителите?

Тања Димоски: Како и сите останати производи поврзани со осигурување кои неслучајно се класифицираат како финансиски производи, така и кај детското штедење многу голем акцент е ставен на финансискиот бенефит. Со самото тоа што детето е директен осигуреник и самата полиса го одредува за корисник на средствата, ризикот во однос на возраста е сведен на минимум и со тоа каматната стапка на самата заштеда е во пораст.

Исто така, како придобивка е вредно да се спомене дека соодносот на вложени и заштедени средства е поголем во насока на корист во однос на останатите производи бидејќи пресметаниот ризик, намената за вложување, самата ЦЕЛ на крајната заштеда е извесна финансиска иднина на нашите најмили.

Интервјуа

Ана Настевска: Размислувањето однапред и на долг рок, за нашата иднина, СЕКОГАШ е исплатлива опција

Објавено

на

Осигурителната компанија Winner Life која е дел од групацијата Vienna Insurance Group на македонскиот пазар нуди широк избор на осигурителни производи што овозможуваат секој клиент да добие животно осигурување што најмногу одговара на неговите потреби. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Гувернерката Ангеловска-Бежоска: Треба да инвестираме во здравство и образование!

Објавено

на

За силна економија потребен е квалитетен човечки потенцијал, вели гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Ангеловска: Дарежливост за инвестиции и добри проекти, скржавост за непродуктивни трошења

Објавено

на

Можноста да се прават промени. Тоа е клучниот мотив поради кој Нина Ангеловска ја прифатила понудата да биде министерка за финансии. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange