Компании
ТАТКОТО МУ ЈА ПРЕПУШТА КОМПАНИЈАТА НА СИНОТ – Иван Туџаров му префрли 1.500 акции од Реплек на Никола Туџаров


Реплек АД Скопје преку соопштение на Македонска берза информира дека со нетрговски трансфер претседателот на Управниот одбор, Иван Туџаров изврши пренос на сопственоста на 1.500 акции.
Долгогодишниот претседател на Управниот одбор на Реплек АД Скопје, Иван Туџаров полека но сигурно му ја препушта компанијата на својот син Никола Туџаров.
Со новостекнатите 1.500 акции, Никола Туџаров во семејната фармацевтска компанија во моментов поседува акционерски капитал од над 5 проценти или поточно 5,79% од акциите на компанијата.
За разлика од него, неговиот татко Иван Туџаров со намалувањето на акционерскиот капитал, сега поседува помалку од 5 проценти од акциите.
„Постапувајќи согласно член 38 од Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје, РЕПЛЕК АД објавува дека со нетрговски трансфер претседателот на Управниот одбор Иван Туџаров изврши пренос на сопственоста на 1.500 акции и неговото учество е под 5 отсто.
Со истиот нетрговски трансфер лицето Никола Туџаров се стекна со 1.500 акции осносно поседува 5,79 отсто од вкупниот број на акции во РЕПЛЕК АД“, се вели во соопштението на компанијата.
Инаку, Иван Туџаров од приватни причи пред околу три недели си даде оставка од позицијата управител на Реплек АД Скопје.
Компании
АССЕКО СЕЕ е една од првите ИТ компании која успешно 20 години по ред го имплементира ISO 9001:2015 стандардот


Македонската компанија АССЕКО СЕЕ, дел од полската групација АССЕКО, успешно 20 години по ред ја продолжува имплементацијата на меѓународно признатиот ISO 9001:2015 стандард. (more…)
Компании
Во тешки околности, раст на приходите и добивката на Групацијата Триглав


Во тешките околности од првиот квартал од 2022 година, Групацијата Триглав ги зголеми вкупните приходи за 12% (442,9 милиони евра) и го зголеми обемот на бруто полисираната осигурителна премија (407,1 милиони евра) за 10% во споредба со истиот период минатата година. (more…)
Компании
Оглас за вработување во Штедилница Можности


Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во областа на кредитирање и финансии со Штедилница Можности. Ако се идентификувате со визијата и мисијата на компанијата и ве интересира кредитирање и финансии, Штедилница Можности вработува: (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 week
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје