Connect with us

Кредити

С-ПЛАН – ненаменски потрошувачки кредит со мешовито животно осигурување од Винер Лајф

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија со својата најнова промотивна кампања го претстави новиот ненаменски потрошувачки кредит С-ПЛАН, кој за разлика од другите слични понуди на пазарот за првпат вклучува и штедна компонента, овозможена од полисата за животно осигурување во соработка со Винер Лајф. 

С-ПЛАН е одлична комбинација на ненаменски потрошувачки кредит и полиса за мешовито животно осигурување, која им овозможува на клиентите да ги исполнат своите планови и желби,  и воедно  да бидат заштитени од несакани последици или настани во периодот на отплата на кредитот. Како уникатен бенефит за клиентите е полисата за животно осигурување, која им  обезбедува заштеден износ по целосната исплата на кредитот.

Во понудата на ненаменскиот кредит С-ПЛАН се опфатени најконкурентните услови за потрошувачки кредит:

  • Износ од 300.000 до 610.000 денари
  • Рок на отплата до 10 години
  • Фиксна каматна стапка почнувајќи од 5,8% за првите ДВЕ години
  • Промотивно без провизија за одобрување на кредитот
  • Вклучена полиса за мешовито животно осигурување од Винер Лајф

Со овој производ Шпаркасе Банка и Винер Лајф ја претставуваат својата успешна соработка и заложба за креирање иновативни производи, комбинација на кредитен производ и полиса за мешовито животно осигурување. Новиот и уникатен ненаменски потрошувачки кредит им дава сигурност на клиентите во текот на отплатата на кредитот, додека износот во форма на заштеда претставува одличен бонус за решавање на нивните идни потреби и остварување нови планови и желби.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе Групацијата, која бележи речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Р. Австрија и претставува синоним за стабилност, сигурност и континуитет во работењето со изграден и препознатлив бренд. Воедно, таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Југоисточна Европа дополнително ја зацврстува позицијата на Шпаркасе Банка Македонија како доверлив партнер на сите групи клиенти. Шпаркасе Банка Македонија зaедно со сестринските банки во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и во Црна Гора, е дел од најсеопфатните банкарски мрежи во регионот.

Кредити

Не труди се да одолееш на есенските радости со Стопанска Банка АД Скопје!

Објавено

на

Есента е најубавото годишно време. Завршуваат топлите денови и сите се враќаме дома од годишните одмори. Почнуваме да се спремаме за зимските денови и претстојните празници.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

„Шпаркасе Банка“, прва банка во Република Македонија што финансира старт-ап бизниси во соработка со програмата ЕаСи на ЕУ

Објавено

на

„Шпаркасе Банка Македонија“ ја претставува првата програма „Чекор по чекор“, наменета за поддршка и развивање старт-ап бизниси во Република Македонија, по потпишувањето на спогодбата со Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ) во рамките на Програмата за вработување и социјални иновации ЕаСи на ЕУ. На старт-ап бизнисите ќе им бидат ставени на располагање околу 1,5 милиони евра во фондови гарантирани со Програмата вработување и социјални иновации ЕаСи на ЕУ, финансирана од Европската Унија.  (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Капитал банка на саемот за мебел

Објавено

на

Од денеска до недела во комплексот ВИП арена Борис Трајковски се одржува 44. Саем на мебел, на кој граѓаните ќе можат да ги видат најновите трендови во производството на мебел. Ќе се претстават околу 70 изложувачи од Македонија, Србија, Косово, Италија и Бугарија со повеќе од 150 брендови. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange