Connect with us

Кредити

СУПЕР Станбен кредит 10 со РИЗИКО животно осигурување од ТТК Банка со фиксна каматна стапка за десет години

Објавено

на

Време е за нов стан! Сега поблиску од кога било до нов стан или куќа. Не пропуштајте ја можноста која Ви ја нуди СУПЕР станбениот кредит 10 со РИЗИКО животно осигурување на ТТК Банка АД Скопје.

Следејќи ги трендовите за потребите на клиентите и секогаш стремејќи се истите да ги задоволи, ТТК Банка одлучи да ги продолжи промотивните услови на СУПЕР Станбениот кредит до 28.2.2021 година, со цел клиентите полесно да го реализираат најважното животно прашање, а тоа е купувањето на сопствен ДОМ.

Новиот кредитен производ е со фиксна каматна стапка за првите 10 години од 3,45%, односно 5,5% променлива каматна стапка за остатокот од периодот. Дополнително, сите што ќе аплицираат за СУПЕР Станбен кредит 10 во промотивниот период, ќе бидат ослободени од административните трошоци, трошоците за одобрување и трошоците за проценка на имотот што служи како обезбедување на кредитот.

Кредитот е наменет за купување нов стан или куќа од физичко или правно лице, за изградба, доградба или надградба на станбен простор (стан или куќа), за реновирање, адаптација, реконструкција на постојни недвижности, за купување како и градба/доградба/надградба на деловен простор, за купување земјиште за градба со приложена маркица за градба, за купување превземени средства на Банката, како и за рефинансирање на станбени кредити од други банки. За финансирање на овие намени, достапни се поединечни кредити во износи до 300.000 евра, со рок на отплата до 25 години и можност за грејс-период од една година. Минималното учество е 10 проценти.

Кредитот е со задолжителна полиса од незгода од „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје. Висината на премијата за полиса за ризико животното осигурување се утврдува во зависност од висината на одобрениот кредит, возраста и полот на корисникот на кредитот, здравствен прашалник, а во согласност со тарифата на осигурителното друштво. Полисата за ризико животно осигурување претставува осигурување на живот во случај на смрт на корисникот на кредитот.

Полисата овозможува осигурително покритие за подмирување на преостанатиот кредитен долг во случај на несакан настан: смрт како последица од болест или несреќен случаj во согласност со Општите услови за Осигурување на живот во случај на смрт на корисници на кредит на „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје. Полисата ја издава осигурителната компанија „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје и истата е винкулирана во корист на ТТК Банка АД Скопје. Рокот на важност на полисата треба да е еднаков на рокот на отплата на кредитот.

Оваа конкурентна понуда е наменета за сите кредитоспособни клиенти во редовен работен однос и уредна кредитна историја, кои се подготвени за нови и убави почетоци.

Повеќе информации за СУПЕР Станбен кредит 10 со РИЗИКО животно осигурување на ТТК Банка на линкот.

Кредити

Подобрете ја енергетската ефикасност на Вашиот дом со наменските кредити за енергетска ефикасност на НЛБ Банка

Објавено

на

Искористете ги поволностите на наменските кредити за енергетска ефикасност за физички лица на НЛБ Банка со цел поддршка на инвестициите во зелени технологии и тоа: Енерго плус потрошувачки кредит, на износ до 25.000 ЕУР и Енерго плус хипотекарен кредит, на износ до 50.000 ЕУР. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Во ФД СН финансии ЖЕНИТЕ МОЖАТ – промотивна кампања за понежниот пол по повод Денот на жената 8-ми Март

Објавено

на

„Кај нас ЖЕНИТЕ МОЖАТ!” е мотото на промотивната кампања на ФД СН Финансии по повод Денот на жената 8-ми Март! (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Поволни онлајн кредити без скриени трошоци

Објавено

на

Се наоѓате во ситуација кога сакате да си набавите нешто што одамна го посакувате, како на пример нов телефон или можеби нов телевизор, но во моментов не сте во можност да си го дозволите или се појавил некој финансиски предизвик кој морате веднаш да го решите. (more…)

Продолжи со читање



Популарно