Останато
Субвенционирање на плати за уште 438 невработени лица


Дополнителни 438 невработени лица ќе бидат опфатени со меркaтa за субвенционирање на плати преку Оперативниот план на активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот. Владата на Република Северна Македонија, на последната седница, преку пренамена на средства во Оперативниот план во износ од 100.000.000 денари обезбеди поголем опфат на невработени лица.
Со овој вид на поддршка бројот на невработени лица, што ќе бидат опфатени со мерката субвенционирање на плати, од 866 ќе се зголеми на 1.304. На тој начин, вкупниот опфат на невработени лица со Оперативниот план ќе се зголеми од 10.279 на 10.717 лица.
Со Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година, се утврдуваат програмите, мерките и услугите за вработување кои ќе обезбедат создавање на нови работни места, поддршка за креирање на нови работни места и зголемување на вработливоста на невработените лица, посебно на младите, долгорочно невработените и корисниците на гарантирана минимална помош, како и поддршка на невработените лица на кои престанокот од работен однос е регистриран во периодот на кризата предизвикана поради Коронавирусот COVID 19.
За прв пат оваа година, во Оперативниот план се предвидени три принципи, според кои приоритет се дава на лицата кои ја изгубиле работата поради пандемијата со Ковид-19, потоа принципот на диверзитет и инклузивност и принципот на рамномерен регионален развој.
Останато
Извозот во првите шест месеци зголемен за 20,2%, а увозот за 28,7 проценти


Вкупната вредност на извозот од земјава во периодот јануари – јуни 2022 година изнесува 4.097.486.000 евра и бележи раст од 20,2 проценти во однос на истиот период лани, додека вредноста на увезената стока е 5.974.699.000 евра што е зголемување за 28,7 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. (more…)
Криптовалути
(ВИДЕО) Спојувањето на етериум може да ја поттикне цената на биткоинот нагоре!?


Популарниот крипто-аналитичар Бенџамин Кауен анализира како етериум може да ја поттикне цената на најпознатата криптовалута биткоинот нагоре. (more…)
- Останатопред 3 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Депозитипред 1 month
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 1 month
Ова лето можеш сè
- Кредитипред 2 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 1 month
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје