Останато
Субвенции за февруарските и мартовските плати за работниците – Скалесто ќе се исплаќаат од 14.500 до 21.776 денари


Петтиот сет економски мерки содржи вкупно 29 мерки, распоредени во четири главни столба: директна финансиска поддршка за компаниите во туризмот, занаетчиството, угостителството, транспортот, индустријата за организација на настани со цел задржување на работните места, финансиска поддршка за ликвидноста на приватниот сектор со бескаматни кредити со неповратна компонента, креирање поповолно деловно опкружување со системско редефинирање на Царинскиот тарифник, намалување на парафискалните давачки, даночно олеснување и одложување кај неколку јавни давачки, како и директна помош за граѓаните, соопшти денеска премиерот Зоран Заев.
Вкупната вредност на петтиот сет економски мерки вредат 9,7 милијарди денари (160 милиони евра) од кои 91,7 милиони евра од вредноста на пакетот се директни буџетски трошења.
„Првата мерка е финансиска поддршка за плати за вработените – вредна 1.920 милијарди денари. Ќе се субвенционираат платите за февруари и март годинава со што се очекува да се поддржи исплата на плати на повеќе од 60.000 работници месечно. Финансиската поддршка ќе биде скалеста од 14.500 до 21.776 денари за месечна плата по вработен за да се поддржат во домашните компании во зависност од тоа колкаво е процентуално намалувањето на приходите во месеците ноември и декември 2020 и јануари 2021 година споредено со ноември и декември 2019 и јануари 2020 година”, истакна премиерот.
Субвенција на платите за февруари и март ќе добијат компаниите кои имаат пад на приходите за повеќе од 30% во тие месеци.
„Првата мерка е опционална и компаниите имаат можност да одберат субвенции на платите за февруари и март или да ја искористат втората мерка, а таа е кредити со нулта каматна стапка во најпогодените дејности како што се туризам, занаетчиство, угостителство, транспорт, индустрија за организација на настани, приватни здравствени установи. Оваа мерка е во висина од 10 милиони евра и може да се аплицира во текот на целата тековна година. Во зависност од вкупниот зголемен обем на работа и добивката, скалесто може да добие и неповратен дел од кредитот од 30 до 50 проценти од самиот кредит”, додаде Заев.
Останато
Северна Македонија најдобра во регионот според степенот на економски слободи
Економијата на Северна Македонија, според степенот на економски слободи, е најдобра од земјите во регионот, покажува извештајот за 2021 година на „Xеритиџ фондацијата”. Според индексот на американската фондација, македонската економија е на 46-то место во светот. (more…)
Останато
Бесими: Задолжувањето е оправдано кога продуцира повисок економски раст


При издавањето на државни хартии од вредност, трошокот треба да биде помал од бенефитот кој ќе го продуцира, односно идните стапки на раст на бруто-домашниот производ треба да бидат доволни за да го финансираат долгот, пишува во својата колумна министерот за финансии Фатмир Бесими. Тој истакнува дека е потребна и планирана фискална консолидација, која буџетскиот дефицит и јавниот долг ќе го сведат под мастришкиот критериум на среден рок, а наведува и дека задолжувањето е оправдано, доколку истото продуцира повисоки стапки на економски раст. (more…)
Останато
Во последниот квартал од 2020 година имало 151.972 невработени од вкупно 941.524 активни лица


Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2020 година, активното население во Република Северна Македонија изнесувало 941.524 лица, од кои вработени биле 789.552, а 151.972 лица се невработени. (more…)
- Анализипред 2 months
Запознајте ја банкарската фела во Македонија (прв дел)
- Анализипред 1 month
Запознајте ја банкарската фела во Македонија (втор дел)
- Банкипред 2 weeks
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Анализипред 4 hours
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Капитал Банка АД Скопје