Connect with us

Останато

Студија на „Finance Think”: Владините политики да се фокусираат врз зголемување на придобивките од формализирање на микробизнис

Објавено

на

Важна пречка за регистрирање на една микрофирма се трошоците за формализацијата, особено даноците, придонесите, парафискалните давачки и трошоците за сметководство, а во ограничен обем и времето како и надоместоците за справување со администрацијата. Владините политики најмногу треба да се фокусираат врз зголемување на придобивките од тоа еден микробизнис да биде формален, но и врз намалување на трошоците за нивно формализирање.

Ова го покажува студијата на Finance Think – Институт за економски истражувања и политики на тема „Нерегистрирани микровршители на деловна активност во Северна Македонија: Анализа со препораки за политиките”.

Целта на студијата е да разбере зошто неформалните микровршители на деловна активност – поединци или групи од поединци кои изведуваат некаков бизнис во сивата економија одлучуваат да не се регистрираат како формално претпријатие.

„Анализата се фокусира на четири точки – кои се неформалните микровршители на деловна активности; – која е улогата на трошоците за формализација/регистрација; – каква е перцепцијата за придобивките од формализирањето; и – каква е улогата на инспекциските контроли и можноста да се даде неформален подарок за да се остане неформален/нерегистриран”, соопштија од Институтот.

Според студијата, најчести форми на нерегистрирани микровршители на стопанска дејност во Северна Македонија се улични продавачи на храна, облека, накит, индивидуални земјоделци; занаетчии; вршители на услуги за лична убавина – фризери и козметичари; молери, гипсари, малтерисувачи; пекари; даватели на разни часови; механичари на возила; и куќни чувари и чистачи.

Како што се наведува во студијата, неформалните микровршители на деловна активност се многу мали според нивниот годишен приход кој вообичаено не надминува 250.000 МКД, и поради тоа што деловната дејност најчесто ја вршат сами (еден работник), додека кога ја вршат со соработници нивниот број не надминува пет.

Нерегистрираниот бизнис главно се врши во домаќинството на клиентот или во сопственото домаќинство, па оттука клиенти доминантно се домаќинствата и физичките лица.

Од нерегистрираните микровршители на деловна активност, 58,3 отсто располагаат со друг извор на приход, кој е претежно од стандардно вработување, било реално или фиктивно, за да можат да обезбедат социјално осигурување.

Резултатите покажуваат дека трошоците за да се стане регистрирана микрофирма се важна пречка за формализацијата, особено даноците, придонесите, парафискалните давачки и трошоците за сметководство. Во ограничен обем, времето и надоместоците за справување со администрацијата работат на одвраќање на нерегистрираните микровршители на деловна активност од регистрирање, додека пристапот до информации и изложеноста на поткуп не играат улога.

На страната на придобивките, пристапот до поголеми клиенти, до посигурни добавувачи на инпути и до нови пазари се оценети како големи придобивки од формализирањето. Вториот поттик е пристапот до социјална заштита и пензија во старо време. Од друга страна, пристапот до финансии, услуги од АВРМ и намалувањето на изложеноста на поткуп не се сметаат за толку важни придобивки.

Од Finance Think укажуваат дека можноста да се биде откриен има ограничена моќ во мотивирањето на регистрацијата. Зајакнувањето на контролите и инспекциите може да го направи престојот во неформалната економија скап само до одреден степен. Слично, активности за јакнење на даночниот морал или за намалување на неформалните практики би имале ограничено влијание.

„Според факторската анализа, првите два од следните четири фактори за неформалноста на микровршителите на деловна активност имаат високи тежински фактори – придобивките од формализирањето, трошоците за регистрација и водење бизнис, административното оптоварување за регистрација на фирма и 4трошоците за откривање и казнување”, соопштија од Институтот.

Според тоа, како што посочуваат во соопштението, владините политиките треба да се фокусираат прво врз зголемување на придобивките од тоа еден микробизнис да биде формален, а потоа и врз намалување на трошоците за формализирање на микровршителите на деловна активност.

Останато

Невработеноста во еврозоната на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти

Објавено

на

Невработеноста во еврозоната падна на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти во октомври, покажуваат бројките што ги објави „Евростат“, статистичката агенција на ЕУ. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Просечната плата во октомври во Црна Гора изнесувала 720 евра

Објавено

на

Просечната плата без даноци и придонеси во Црна Гора во октомври, според податоците на Управата за статистика (Монстат), изнесувала 720 евра и е за 0,3 проценти повисока од септември. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ЛЕСНО Е КОГА ИМАШ ИЗОБИЛСТВО НА ЗЛАТО – Гана набавката на нафта ќе ја плаќа во злато наместо во долари

Објавено

на

Владата на Гана работи на план да купува нафта со плаќање во злато наместо со долари, објави на Фејсбук, потпретседателот на државата Махамуду Бавумиа. (more…)

Продолжи со читање

Популарно