Пакети
За чиста 10ка: Нов поволен пакет на Халкбанк наменет исклучиво за студентите


Студентскиот живот е несомнено возбудлив и исполнет со бројни незаборавни доживувања, но неминовно е и дека носи свои предизвици за студентите. Непроспиени ноќи за испити, трошоци за студии, трошоци за патувања, кирии или пак различни активности и дружење…
А, кога зборуваме за трошоците, токму тие претставуваат еден од најголемите предизвици, бидејќи фокусирајќи се на студиите и на својот образовен развој, не многу од студентите можат да си дозволат истовремено и да работат. Но, можат да ги одбегнат барем сите оние навидум „ситни“ и скриени банкарски трошоци, кога станува збор за водење на своја трансакциска сметка. А, кој студент не би сакал своја лична дебитна картичка?
Токму затоа, Халкбанк нуди посебен пакет наменет исклучиво за студентите со низа поволности како за нив, така и за нивните родители. Имено, сите оние од 18 до 24 години, што ќе земат Visa paywave дебитна картичка, добиваат бесплатно електронско банкарство, бесплатна мобилна апликација и никакви трошоци за водење на трансакциската сметка.
Дополнително, ќе можат да подигнуваат готовина на сите банкомати и во земјата и во странство без никаков надомест.
Сега студентите ќе можат конечно целосно да го уживаат својот џепарлак што родителите ќе го стават на нивната сметка, или пак во нивната стипендија, без да плаќаат провизија за тоа. И дома, и кога патуваат во странство, на располагање им се сите банкомати без дополнителни трошоци, а Visa paywave картичката, која инаку има и уникатен „младешки“ дизајн, овозможува и бесконтактно плаќање.
За чиста 10ка и едноставен студентски живот!
Аплицирајте онлајн за Студентски пакет тука.
Домашни банки
Пакет УНИ ИНОВАЦИЈА – нов пакет услуги од УНИБанка за компании преку ФИТР


УНИБанка и Фондот за иновации и технолошки развој потпишаа Меморандум за меѓусебна соработка, со кој се отвораат нови можности за финансирање и олеснување на пристапот до финансиски средства за микро, малите и средни претпријатија. Најголем дел од поволностите и овој пат ќе бидат обезбедени за старт-ап компании. (more…)
Домашни банки
Силк Роуд Банка АД Скопје и ФИТР со нова соработка за олеснет пристап до финансии на иновативните компании


Силк Роуд Банка АД Скопје и Фондот за иновации и технолошки развој потпишаа Меморандум за соработка, со цел олеснет и зголемен пристап до финансиски средства и банкарски производи и услуги, за најиновативните домашни компании.
Пакети
Пакет 6енефити само за тебе од Стопанска банка а.д. Битола


Стопанска банка а.д. Битола понуди нов промотивен ПАКЕТ 6 (Пакет 6енефити), пакет на производи со единствени услови кој одговара на сечии потреби. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје