Connect with us

Домашни банки

Студентски кредит со 0% каматна стапка од НЛБ Банка за студентите на ФБЕ

Објавено

на

Со цел обезбедување на квалитетно и ефикасно образование достапно за сите, Факултетот за бизнис економија (ФБЕ) во соработка со НЛБ Банка ја претставува можноста за финансирање на студиите со Студентски кредит со 0% каматна стапка.

Покрај атрактивните услови за студирање и достапноста на цената, ваквиот начин на финансирање на студиите преку бескаматен студентски кредит е уште една можност за олеснување на домашниот буџет.

На идните и сегашни студенти, ФБЕ им овозможува да добијат студентски кредит по брза постапка. Студентскиот кредит е во износ на трошоците за студирање на ФБЕ на годишно ниво со можност истиот да се плаќа на 12 еднакви рати без камата. Во интерес на олеснување на финансирањето на студиите, обврската за плаќање на каматата ја превзема факултетот.

Сите дополнителни информации како и формулари за аплицирање, може да се добијат во просториите на ФБЕ.

Домашни банки

НЕДЕЛА НА ИНОВАЦИИ: Мобилна апликација ХалкЕко

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје, во последниот квартал од 2019 година ја пушти во употреба новата мобилна апликација – ХалкЕко која има големо значење во однос на општествената одговорност на банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТТК Банка со известување за експозитура Скопје Ѓорче Петров

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека услугите на експозитуратa на Банката на бул. „Партизански одреди” бр. 171а  во општина Ѓорче Петров, Скопје ќе можат да ги користат заклучно со 31.1.2020 година (петок). Услугите преку банкоматот (исплата на средства, проверка на состојба на сметка, промена на ПИН итн.) и понатаму ќе бидат достапни на истата локација. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Известување за нова локација на банкоматот на ТТК Банка во градот Пробиштип

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека од 23.1.2020 година, банкоматот на банката во градот Пробиштип е поставен на нова локација во рамки на хотелот „Сан Нико“ на ул.„Јордан Стојанов“ бр. 2, Пробиштип. (more…)

Продолжи со читање

Популарно