Connect with us

Останато

Студенти од целата држава на платена пракса во ТИРЗ

Објавено

на

Седум студенти и дипломци од целата држава започнуваат со три месечна неделна платена пракса во Дирекцијата за ТИРЗ. Ова е нов концепт на пракса кој се воведува во Дирекцијата со цел на млади луѓе, покрај факултетското образование да им се даде можност да се стекнат со практично искуство и вештини.

„Воведуваме нова менторска програма преку која сакаме да ги поврземе студентите од различни сектори со ментори од ТИРЗ кои ќе работат на развивање на конкретни вештини. Верувам дека ќе го поттикнеме креативниот потенцијал кај овие млади луѓе и ќе придонесеме кон градење на нивните капацитети и усовршување. Ова е чекор напред кон креирање на стручни и професионални кадри кои ќе може да напредуваат овде, дома”,  изјави Јован Деспотовски директор на ТИРЗ.

Ова е само една од програмите на ТИРЗ наменети за млади.

„Со новиот концепт на работа на ТИРЗ преку таргетирани мерки и програми работиме на креирање не само на стабилни работни места туку и повисоки плати за наши сограѓани, особено за младите што верувам дека ќе биде јасен мотив тие да останат во земјава и тука да ја градат својата иднина,” додаде Деспотовски.

Студентите доаѓаат од Универзитетот Свети Кирил и Методиј од Скопје, Американ колеџ како и Штуловиот Универзитет во Тетово и ќе бидат распределени во различни сектори. Праксата започнува на 3 август и ќе трае три месеци, а студентите ќе работат на проекти кои ќе ги презентираат на крајот од праксата. Практикантите беа избрани од 20 пријавени кандидати на јавниот оглас на ТИРЗ. По завршувањето на овој циклус, ќе биде објавена слична програма со цел да им се даде можност за практична настава и на други студенти од земјава.

ТИРЗ е општествено одговорна институција која постојано вложува во развојот на младите преку различни програми за пракса и во компаниите кориснички, како и преку поддршка на дуалното образование.

Останато

Летна школа за финансиска писменост за поголема финансиска независност и поголем општествено-економски развој

Објавено

на

Пријавувањето за учество на Летна школа за финансиска писменост за напредно ниво на финансиска писменост трае до недела (26.09.2021)! (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бизнисот со топлинска енергија оди во домашни раце – Адора инженеринг на јавна лицитација за 9,3 милиони евра го купи имотот на Топлификација АД во стечај

Објавено

на

Адора инженеринг по пат на јавна лицитација, за 9,3 милиони евра, ги купи Топланите Исток и Запад и најголемиот дел од останатиот имот на Топлификација АД, која е во стечај. Со оваа купопродажба успешно се завршува стечајната постапка на ова претпријатие и се отвара ново светло, поглавје во регулираниот бизнис со производство на топлинска енергија, кој што е од државно значење, односно директно влијае врз екологијата и целокупниот комфор на живеење на граѓаните во главниот град Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Извршниот директор на Тиго Фајнанс, Филип Димитровски, прогласен за еден 40 највлијателни и најуспешни бизнис лидери под 40 години во Југоисточна Европа

Објавено

на

Престижната меѓународна агенција „Business Elite Awards“, на специјална гала свеченост организирана во Истанбул, Турција, му го додели значајното „40 Under 40“ признание за бизнис лидер под 40 години на Филип Димитровски, извршен директор на финансиското друштво Тиго Фајнанс. (more…)

Продолжи со читање



Популарно