Connect with us

Останато

Студентите и младите инженери ќе го подобруваат образованието

Објавено

на

Бордот на Европски студенти на технологија (БЕСТ) Скопје и Асоцијацијата на здруженија на инженери – Инженерска институција на Македонија потпишаа Меморандум за соработка.

Голема чест претставува почетокот на една голема и значајна соработка, воедно една од најзначајните во целото постоење на БЕСТ Скопје како организација. Потпишувањето на овој меморандум ќе ги поврзе квалификуваните инженерски кадри со нивните наследници – младите студенти, идни инженери. Покрај тоа, со меморандумот се стремиме кон поголема вклученост на студентите на настани на кои ќе можат да го кажат својот став или прогресивна идеја за актуелното образование, да воспостават контакт со искусни инженери и најважно од сé, да се надградат себеси. Се надевам на успешна соработка со Инженерската Институција на Македонија и големи успеси  во иднина за двете организации“, вели Марија Хорват од БЕСТ Скопје.

И за претседателот на ИМИ, меморандумот ќе овозможи заеднички активности и простор за искажување на потребите на младите инженери – студенти.

„Со оглед на големиот одлив на овие кадри, очекуваме дека ќе бидеме нивниот глас за подобрување на условите за образование и нивното понатамошно усовршување преку дијалог со релевантните институции. БЕСТ Скопје е организација во која членуваат прогресивни студенти од сите струки и дејствуваат на национално и на меѓународно ниво. Оваа соработката ќе помогне Инженерската институција на Македонија да ја етаблира организацијата на Млади инженери, нејзините цели и задачи, која што само пред една недела во Малта се стекна со рамноправно членство во Европската ферерација на млади инженери”, потврдува Христина Спасевска, претседател на Инженерската институција на Македонија.

Меморандумот за соработка е резултат на стратешката соработка помеѓу европските организации во кои членуваат  – Европската федерација на инженерски асоцијации и Бордот на Европски Студенти по Технологија-БЕСТ.

Останато

Извештајот „Doing Business 2019“ на Светска банка на денешната редовна владина седница

Објавено

на

На предлог на Министерството за финансии, на денешната редовна 102-ра седница Владата на Република Македонија ќе го разгледа предлог – законот за изменување и дополнување на законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Трансакции со криптовалути во споредба со Visa и Paypal

Објавено

на

Сопствениците на “паричникот” со криптовалути често се согласуваат дека нивните мрежни трансакции се побрзи од главните начини на плаќање, како што се Visa или Paypal. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Биткоин – валута на иднината

Објавено

на

Луѓето се занимаваат со трговија за да разменуваат стоки и услуги во текот на вековитe. Овие размени не секогаш вклучуваа парични плаќања. Имаше време кога стандардните пари дури и не постоеја и луѓето користеа други форми на исплата за вршење трансакции. Со развојот на технологијата, пари и плаќања драстично се сменија. Тековната технологија за обработка на кредитна картичка и напредните деловни решенија овозможуваат финансиски трансакции во речиси секое време и практично на кое било место. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange