Connect with us

НБРМ

Структурата на меѓународната инвестициска позиција на македонската економија е поволна, а надворешниот сектор без големи ранливости

Објавено

на

Народната банка ја објави анализата „Меѓународната инвестициска позиција на земјите од регионот, со посебен фокус на македонската економија“ на Дијана Јаневска-Стефанова. Во анализата акцентот е ставен на големината и структурните карактeристики на меѓународната инвестициска позиција (МИП), којашто претставува разлика помеѓу финансиските побарувања коишто земјата ги има од странство (остатокот од светот) и финансиските обврски кон странство. Притоа, се укажува на сѐ поголемото значење на овој показател, во периодот по глобалната финансиска криза, поради што тој е вклучен и во анализите на одржливоста и ранливоста на надворешниот сектор на меѓународните финансиски институции и на останатите носители на политиките.

Во анализата е даден кус осврт на МИП на земјите од регионот, во периодот пред и по глобалната економска криза од 2008/9 година. Кај сите земји во регионот МИП има негативна вредност, што значи дека сите економии имаат поголеми обврски кон странство отколку побарувања, што е и за очекување имајќи ја предвид фазата на економски развој и потребата од надворешно финансирање на економиите во форма на странски директни инвестиции, заеми и слично. Динамичката анализа покажува проширување на негативната позиција во периодот пред глобалната криза, додека во посткризниот период главно се забележува подобрување. Структурно гледано, пред кризата се забележува дека најголема улога за промената на МИП имаат директните инвестиции, а ефект имаат и тековите коишто создаваат долг. Во посткризниот период, директните инвестиции и натаму растат, но побавно, додека тековите коишто создаваат долг се помали, поради процесот на раздолжување, карактеристичен за овој период.

Од аспект на одржливоста на екстерната позиција, според еден од ретките нумерички показатели за МИП од Процедурата за нерамнотежи на Европската комисија (МИП одредница – 35% од БДП), повеќето анализирани земји се наоѓаат над оваа препорачана граница. Имајќи ги предвид недостатоците при формирањето единствен нумерички показател за земји со различно ниво на развој, Меѓународниот монетарен фонд во своите редовни извештаи квалитативно ја проценува екстерната позиција на секоја земја.

„Имено, за целосна слика, покрај висината, треба да се земе предвид и структурната поставеност на МИП по инструменти, којашто во нашиот случај е поволна поради високото учество на директните инвестиции од околу 90%. Во согласност со наведеното, оцените на ММФ за македонската економија не упатуваат на поголеми ранливости во надворешниот сектор.“ – се заклучува во анализата.

Анализата е достапна на следнава врска.

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на започнувањето на втората фаза од проектот со ИНФЕ-ОЕЦД и МФ на Холандија: Преку финансиска едукација до ползување на придобивките од финтек-секторот

Објавено

на

Гувернерката Ангеловска-Бежоска, на покана на министерката за финансии на Холандија и ОЕЦД, учествуваше на настан посветен на финансиската едукација. Средбата истовремено го означи и почетокот на втората фаза на проектот финансиран од холандското министерство за финансии и ИНФЕ-ОЕЦД, насочен кон поддршка на финансиската писменост и инклузија во регионот на ЦЈЕ. Средбата ја отвори потпретседателката на Владата на Холандија и министерка за финансии, Сигрид Кааг, со обраќање кон присутните. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Митреска на настан на ЕБОР за младите претприемачи: Посилната вклученост на младите во бизнисот го зголемува потенцијалот на економијата

Објавено

на

„Народната банка особено ги цени, ги вреднува и ги поддржува иницијативите коишто ја поткрепуваат посилната вклученост на младите во целокупното општество. Спојувањето на финансиите и знаењето се важни за поттикнување на младите во бизнисот, искористувањето на нивниот потенцијал и потенцијалот на економијата во целина“,  истакна вицегувернерката на Народната банка, Aна Митреска на настан во организација на Европската банка за обнова и развој, на кој се презентираа наоди од процената на пазарот спроведена во рамките на програмата на ЕБОР „Младите во бизнисот“. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Главната економистка на Народната банка: Финансиската писменост е потреба во современиот динамичен финансиски систем

Објавено

на

„Со активностите предвидени во рамките на Деновите на финансиската писменост, Народната банка дава натамошен придонес исполнувајќи ја потребата за финансиска едукација во современиот динамичен финансиски систем. Сведоци сме на разновидна понуда на финансиски услуги, под различни услови, преку различни канали. Дигиталните финансиски услуги носат многу предности за корисниците, но наметнуваат потреба од дополнителни знаења и нѐ соочуваат со нови предизвици и ризици. Неопходно е постојано надградување на знаењата, не само во врска со тоа како да се користат финансиските услуги, туку и како да се заштитат правата на граѓаните како потрошувачи. Како што се менува финансискиот систем, така расте потребата од нови знаења за соодветно управување со личните финансии“, истакна главниот економист на Народната банка, Анета Крстевска при гостување во програмата на Македонското радио. Говорејќи за одбележувањето на Деновите на финансиската писменост, за што Народната банка предвиде онлајн предавања во следните три дена, Крстевска посочи: „Подигнувањето на нивото на финансиската писменост е една од стратегиските цели на Народната банка. Во рамките на овие денови, Народната банка, како општествено одговорна институција, нуди можност за стекнување и подобрување на знаењата на населението од оваа област.“

Во интервјуто, главната економистка на Народната банка посочи дека заложбите за подобрување на финансиската писменост се и одговор на потребите на населението, коешто во нашата земја, во согласност со спроведената анкета, остварува 56% од максимумот при оценувањето на трите компоненти коишто се составен дел од финансиската писменост: финансиско знаење, финансиско однесување и финансиски ставови. Овој показател е блиску до просекот за ЈИЕ (58%), но понизок во однос на напредните економии на ОЕЦД од 66%. Податоците се резултат на спроведената анкета на Меѓународната мрежа за финансиска едукација ИНФЕ при ОЕЦД во 2019 година со која се изврши мерење на финансиската писменост на населението во нашата земја во рамките на регионалниот проект за финансиска едукација поддржан од Министерството за финансии на Холандија и ИНФЕ-ОЕЦД.

Деновите на финансиската писменост се одбележуваат по седми пат. Годинава се предвидени обуки за повеќе теми коишто опфаќаат знаења за монетарната политика, за избор на кредит, за новините на новиот Закон за платежни услуги и платни системи, за структурата на финансискиот систем и движењата во банкарскиот систем. Презентациите се наменети за сите заинтересирани граѓани, слушатели со основно и со понапредно ниво на знаења. Оваа година се предвидени и две наменски предавања за средношколците, во пресрет на нивниот интерес за финансиска едукација, како дополнение на досегашната можност што ја имаат училиштата за поднесување барање за предавање. Учеството во обуките се обезбедува преку електронско пријавување на секое заинтересирано лице. Повеќе информации за предвидените обука може да најдете на следнава врска.

Продолжи со читање

Популарно