Connect with us

Останато

Стратегијата на Атлантик Група е отпорна на кризи

Објавено

на

Работењето на Атлантик Група покажа високо ниво на стабилност во текот на првите девет месеци од 2020 година, и покрај економските превирања предизвикани од пандемијата КОВИД-19. Компанијата оствари 518,3 милиони евра приход од продажба, што е за 3,1% помалку од истиот 2019 година, но кога ќе се земат во предвид деловите од бизнисот кои во меѓувреме беа деинвестирани, приходот остана на истото ниво како од првите девет месеци минатата година. Заработката пред камати, даноции амортизација (EBITDA) изнесува 78,1 милиони евра и е пониска за 7,7 проценти, додека без еднократни ставки порасна за 2,4 проценти. Нето добивката изнесува 41,2 милиони евра и без еднократни ставки се зголеми за 5,6 проценти во споредба со првите девет месеци од 2019 година, додека номинално се намали за 12,7 проценти.

„Атлантик Група се покажа отпорна на кризата, пред се’ благодарение на квалитетната стратегија, разновидното портфолио на производи и исклучителната посветеност на целиот систем и затоа успеавме да постигнеме одлични деловни резултати во првите девет месеци. Иако неизвесноста за понатамошен развој и последиците од пандемијата е исклучително голема, верувам дека силата на нашите брендови, способноста и посветеноста на нашите вработени, стабилната финансиска позиција и рекордно ниската задолженост ќе ни овозможат да продолжиме во оваа насока. Нашите приоритети остануваат исти – одржување на позитивен билтен за здравјето на нашите вработени, обезбедување непречена работа на производството и континуирано снабдување на нашите клиенти и потрошувачи, како и општествена одговорност во најширока смисла“, коментира Емил Тедески, претседател на Управниот одбор  на Атлантик Група.

Најголем раст забележаа Аргета, Фармација и Донат Мг

Најголем раст на приходите од продажба во првите девет месеци постигнаа Деликатесните намази со раст од 14,5 проценти, потоа медицинскиот ланец Фармација со раст од 3,7 проценти и Донат Мг со раст од 3,2 проценти. Со 106,9 милиони евра приход од продажба, што претставува 20,6 проценти од вкупниот приход, Кафето се издвојува како најголема индивидуална категорија, а во првите девет месеци забележа благ пад од 1,9 проценти, пред се поради значителниот пад на потрошувачката во каналот Угостителство. Кај пазарите, најзначаен раст остварија клучните западноевропски пазари, вклучително и Австрија како најголем меѓу нив, а раст беше забележан и на пазарите Словенија, Македонија и Косово. Во вкупната продажба, сопствените брендови сочинуваат 64,1 процент, а брендовите на принципалите во дистрибуцијата се со удел од 27,0 проценти. Ланецот Фармација сочинува 8,9 проценти од вкупниот приход.

Вреди да се напомене и дека од март, освен директното влијание на пандемијата врз приходите, резултатите на компанијата се оптоварени со 5,1 милиони евра еднократни трошоци, главно поврзани со донации за тела и институции кои ги координираат активностите за контрола на заразувањето во целиот регион (3,7 милиони евра), како и други оперативни трошоци поврзани со спречување на ширење на пандемијата. Стабилната финансиска позиција, оптимизацијата на деловните процеси и квалитетното стратегиско управување ѝ овозможија на Атлантик Група да ја одржува безбедноста на работното место, активно да се вклучи во помагање на заедницата во борбата против коронавирусот, да го зголеми задоволството на вработените и да се ангажира во нови работни услови, но и да одржува стабилни резултати со минимални негативни последици.

Наградите и истражувањата ја потврдуваат одбраната насока

Иако компанијата обезбеди доволна ликвидност, доволно залихи и го елиминираше сомнежот дека бизнисот е загрозен, сигурно е дека во следните неколку квартали не можеме да очекуваме повторување на рекордните резултати кои ги забележа Атлантик во последните неколку квартали минатата година, како и во првиот квартал од оваа година. Без оглед на моменталните околности, бројните независни истражувања на пазарот го потврдија успехот на целокупната стратегија на компанијата и Атлантик Група која, меѓу другото, е втора на листата за Топ 5 Работодавачи според Партнер во 2020 година и петти најпосакуван работодавач во Хрватска според МојПосао. На 12-тото доделување на наградите „Фина“, Атлантик исто така ја освои титулата најуспешен долгорочен претприемач, додека на 11-тото доделување на наградите, во организација на Пословни Дневник и Загребската берза, ја освои првата награда за односи со инвеститори.

Криптовалути

Facebook ја пушта во оптек својата криптовалута „Libra“

Објавено

на

„Facebook” ќе ја пушти својата криптовалута „Libra“ веќе во јануари, објави „Financial Times“, повикувајќи се на три извори. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Мухамед Хаџипази од Халкбанк АД Скопје е нов претседател на Надзорниот одбор на Комората на Северо-западна Македонија

Објавено

на

Мухамед Хаџипази, досегашен член на Надзорниот одбор на Стопанската комора на Северо-западна Македонија (СКСЗМ) е именуван за нов претседател на НО на Комората.  (more…)

Продолжи со читање

Останато

Лансирање на е-продавница за време на пандемија – како IQOS го претвори предизвикот во можност

Објавено

на

„Нашиот иницијален план беше да се лансира IQOS на нашиот пазар во почетокот на април, но како ситуацијата со пандемијата стануваше сé посериозна, увидовме дека пандемијата наметна многу побрзо привикнување на корисниците на дигиталните канали, со што стана јасно дека мора да се искористи времето од одложениот старт за да се подготви е-продавница и така со лансирањето на IQOS се започна и со онлајн продажба“. Ова го истакна Јана Дурнева, менаџер за дигитална поддршка и грижа за корисници на производи со намален ризик при Филип Морис Интернешнал на овогодинешната конференција за е-трговија, насловена „E-трговија & COVID-19: Предизвиците и можностите!“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно