Connect with us

Странски банки

Странците во црногорските банки чуваат 747 милиони евра депозити

Објавено

на

На крајот на јуни годинава, нерезиденти и странци имале 747 милиони евра депозити во банките во Црна Гора. Во исто време, вкупните депозити на граѓаните и фирмите изнесувале 33 милијарди евра.

Централната банка на Црна Гора соопшти дека нема податоци за тоа колку странци имаат трансакциски сметки во Црна Гора.

„Засега Централната банка на Црна Гора го нема бројот на трансакциските сметки што ги држат странци кои не се резиденти“, велат од Централната банка на Црна Гора.

Инаку, граѓаните и компаниите во црногорските банки имаат 1.654.515 трансакциски сметки, односно сметки за уплати, исплати, плаќања во земјата и странство, што е за шест проценти повеќе отколку на крајот на минатата година, соопштиле за „Победа“ од Централната банка, од каде што минатата недела го измениле решението за структурата, деталните услови и начинот на отворање и затворање на трансакциските сметки, пренесува Банкар.ме.

Податоците покажуваат дека заклучно со 30 јуни годинава, вкупно 1.291.953 граѓани и правни лица имаат една или повеќе трансакциски сметки во банките. Според најновите податоци од почетокот на август, 18,5 илјади компании и претприемачи имале блокирани сметки.

Странски банки

Банките и регулаторите ја губат битката против перењето пари

Објавено

на

Податоците протекоа од мрежата за спроведување на финансиски злосторства на Министерството за финансии на САД, кои дадоа слика на банки презаситени од огромниот обем на потенцијални сомнителни трансфери, без ниту ресурси ниту волја темелно да се справат со проблемот. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Американскиот банкарски гигант JPMorgan Chase ќе плати казна за берзански манипулации

Објавено

на

Три американски регулатори во текот на вчерашниот ден истовремено објавија за постигнат договор со „JPMorgan Chase” за запирање на криминалната истрага во однос на оваа банка во замена за исплата на казна во вредност од 920 милиони долари. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Светски банки дозволувале трансфер на валкани пари

Објавено

на

Некои од најголемите банки во светот им дозволиле на криминалци да префрлаат валкани пари во износ од околу две милијарди долари, покажуваат документи што протекоа во јавност. (more…)

Продолжи со читање

Популарно