Connect with us

Останато

Стопанските комори бараат одложување на даночните реформи

Објавено

на

Потписниците на Платформата за јавно-приватен дијалог: Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори на Македонија испратија официјален допис до Министерството за финансии на Р. Македонија, со што го поздравија одложувањето на најавената даночна реформа за прогресивно оданочување.

Во текот на изминатите неколку месеци членовите на Платформата спроведоа заедничко истражување на 546 домашните претпријатија и организираа две фокус групи по однос на ставот за прогресивното оданочување и последиците кои истиот ќе ги донесе врз развојот на македонската економија.

Анализата на резултатите јасно го истакна ставот на бизнис заедницата дека доколку прогресивното оданочување се реализира, во моментов истото би имало негативни последици врз целата бизнис заедница. Согласно направеното истражување, при изработката на официјалниот позиционен документ стопанските комори вертикално се усогласија во сите структури и го изразија својот став по однос на ова прашање.

Оваа активност е дел од Проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива” финансиран од страна на УСАИД а имплементиран од ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал во партнерство со четирите стопански комори.

Останато

Од почеток на 2019 година државните обврзници ќе се тргуваат на Македонска берза

Објавено

на

Државните хартии од вредност од почетокот на 2019 година ќе котираат на Македонска берза. Денеска министерот за финансии Драган Тевдовски и директорот на Македонска берза Иван Штериев, потпишаа договор за котација на државните обврзници. Со ова државните хартии од вредност ќе станат достапни за поголем број на инвеститори, како домашни, така и странски. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Google Pay штотуку стана полесен за употреба!

Објавено

на

Последната верзија на Google Pay ги прави мобилните плаќања од Android многу слични на оние на нивниот најголем ривал, Apple Pay.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Избрани претприемачите за 2018 година

Објавено

на

Ваљон Купа од „Евита груп“ – Дебар и Филип Ристевски од „Пиксел“ – Скопје во категоријата мали претпријатија, како и Сашко Андонов од „Течко нет“ – Кочани и Александар Билјаноски од „Мое студио Дадар“ – Скопје во категоријата микро претпријатија, се добитници на наградите „Претприемач на годината 2018“.

(more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange