Connect with us

Домашни банки

СТОПАНСКА ПРЕД КОНКУРЕНЦИЈАТА: Профит од 29,5 милиони евра за девет месеци

Објавено

на

Заклучно со третиот квартал на годината Стопанска банка АД Скопје оствари добивка пред оданочување во износ од 2.014.732 илјади денари, која во однос на истиот период од минатата година е повисока за 28 %. Подобрување на резултатите од работењето има речиси кај сите позиции, пред сè, како резултат на воспоставениот бизнис-модел на Банката, приспособен на потребите на клиентите и на пазарот.  Вкупната актива на Банката на 30.9.2021 година изнесува 106.840.438 илјади денари.

Поважните позиции од финансиските резултати од работењето на Банката се претставени во продолжение:

Биланс на успех

Нето-приходите од камати изнесуваат 2.849.954 илјади денари и се зголемени за 3 % во однос на истиот период од минатата година. Притоа, продолжува трендот на надолно движење на каматните стапки, при што влијанието е поизразено кај каматните расходи поради поголемиот износ на депозити во однос на кредити.

Нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 633.279 илјади денари и се зголемени за 16 % во однос на анализираниот период од минатата година, пред сè поради зголемениот обем на  активности речиси во сите сервисни услуги.

Нето-приходите од курсни разлики се зголемени за 40 % во однос на истиот период од минатата година и изнесуваат 97.569 илјади денари како резултат на зголемениот волумен на тргувања на девизниот и менувачкиот пазар.

Останатите приходи од дејноста забележаа зголемување од 49 % и изнесуваат 324.374 илјади денари.

Во исто време, Банката успеа да ги одржи оперативните трошоци од работењето на релативно исто ниво, при што трошоците за вработени изнесуваат 663.122 илјади денари, додека оперативните трошоци изнесуваат 577.329 илјади денари.

Во анализираниот период, Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансната изложеност, на нето-основа, во износ од 606.151 илјади денари, која е намалена за 16 % во однос на истиот период од претходната година.

Биланс на состојба

Вкупната актива изнесува 106.840.438 илјади денари и е зголемена за 1 % во однос на крајот на минатата година.

Паричните средства и парични еквиваленти во споредба со крајот на 2020 година се пониски за 864.416 илјади денари, односно за 5 %, како резултат на употреба на овие средства во кредитен пораст.

Кредитите на и побарувања од други комитенти остварија пораст од 7 % во услови на пандемија и изнесуваат 75.619.898 илјади денари.

Кредитите на и побарувањата од банки изнесуваат 270.796 илјади денари и бележат зголемување од 21 %.

Вложувањата во хартии од вредност изнесуваат 11.891.887 илјади денари, што претставува намалување од 19 % во однос на минатата година поради пренасочување на овие средства во кредитни активности во согласност со деловната политика на Банката.

Останатите побарувања се на исто ниво и изнесуваат 1.479.141 илјади денари.

Вкупните депозити на други комитенти се незначително намалени за 1 % во однос на крајот на 2020 година и изнесуваат 85.769.584 илјади денари.

Капиталот и резервите изнесуваат 19.161.835 илјади денари, што претставува  зголемување за 10 % во однос на 2020 година поради извршената капитализација на дел од добивката во износ од 1.045.500 илјади денари, со што акционерите на Банката уште еднаш ја покажаа својата континуирана посветеност на порастот и на развојот на Банката.

Вложувања или продажба на материјални средства (недвижен имот, постројки и опрема) или значителен отпис (поголем од 30 % од вредноста на средството во споредба со последните годишни ревидирани финансиски извештаи)

Недвижностите и опремата бележат намалување за 3 %.

Промени во кредитните задолжувања (намалувања или зголемување поголеми од 30 % во споредба со последните годишни ревидирани финансиски извештаи)

Обврските по кредити изнесуваат 513.374 илјади денари и се намалени за 16.166 илјади денари.

Очекувања за претстојниот период

Како и во досегашниот период, Стопанска банка АД Скопје продолжува со целосна поддршка на сите свои клиенти со понуда на производи и услуги што соодветствуваат на потребите на пазарот. Во согласност со својата деловна стратегија, Банката продолжува со одржување на своето високо пазарно учество од околу 27 % во сегментот на кредитирање население, како и трендот на зголемување на пазарното учество  во делот на кредитирање на компаниите, кое во периодот 1.1. – 30.9 2021 година бележи зголемување од 14,37 % на 15,14 %. Како и досега, надградбата и осовременувањето на дигиталните канали на комуникација и оператива ќе бидат приоритет во проектното портфолио на Банката. Секако, грижата за вработените и континуираното функционирање на Банката на услуга на клиентите продолжува  да биде примарен фокус на менаџментот, како и во досегашниот период.
Известување за промени во сметководствената политика и во методите на вреднување

Во анализираниот период од 2021 година нема промени во сметководствената политика и во методите на вреднување.

Исплатени дивиденди

На годишното акционерско собрание се донесе одлука за исплата на дивиденда на имателите на приоритетни акции во вкупен износ од 1.364.664 денари или бруто-износ од 6 денари по акција, која се реализираше во текот на месец јули 2021 година. Право на дивиденда остварија сите акционери што се стекнале со приоритетни акции до 15.7.2021 година (датум на пресек во акционерската книга), односно последен ден на тргување со право на дивиденда беше 13.7.2021 година.

Домашни банки

НЛБ Банка воведува Зелени кредити за проекти кои штедат енергија и ја заштитуваат животната средина

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) воведува наменски кредити за енергетска ефикасност, односно Зелена кредитна линија составена од два продукта во вкупна вредност од два (2) милиони евра од Програмата за финансирање на зелена економија (GEFF), и тоа: Зелен потрошувачки кредит на износ до 25.000 евра и Зелен хипотекарен кредит на износ до 50.000 евра. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Брзо и сигурно плаќање со HalkPay, Вашиот мобилен паричник

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје со задоволство ги информира своите почитувани клиенти дека отсега HalkPay е достапен и со Visa картичките на Халкбанк. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје: Известување за неработен ден – 24.05.2022 (вторник)

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека по повод престојниот државен празник „Св. Кирил и Методиј“, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 24.05.2022 (вторник). (more…)

Продолжи со читање


Популарно